ТИНЕЈЏЕР НАПРАВИЛ ВЕШТАЧКА РАКА НА 3Д ПРИНТЕРОТ НА СЕСТРА МУ Целта му е да произведе евтина и достапна протетска рака
Бенџамин Чои, 17-годишен средношколец кој решил да направи протетска рака што може да се управува со мозочните бранови, го започнал својот обемен проект во 2020 година, на 15-годишна возраст, користејќи го 3Д печатачот на неговата сестра.
Средношколецот Бенџамин Чои, решил да направи протетска рака што може да се управува со мозочните бранови, откако гледал 60-минутно телевизиско шоу за протетска рака контролирана од умот.
За да функционира раката, неопходно е да се вгради сензор во моторниот кортекс на една личност.
Чои изјавил за списанието Smithsonian: „Бев навистина, навистина импресиониран од идејата во тоа време бидејќи таа технологијата делуваше многу импресивно.
Но, исто така бев вознемирен што е потребна таква ризична операција на отворен мозок. И многу е тешко да се дојде до тоа, чини илјадници долари“.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.