ИЛОН МАСК СПРЕМА ФУТУРИСТИЧКИ МОТОР? Протекоа неколку слики од дизајнот (ФОТО)
Она што е сигурно, велат експертите од мото-индустријата е дека овој мотоцикл ќе им пркоси на Zero и Damon, најпопуларните електрични мотори во моментов.
Тесла не ќе е Тесла, ако не ги поместува границите на технологијата, ако не ги уништи клишеата и правилата. Овојпат тоа е нов моторцикл чии слики од дизајнот излегоа во јутјуб-видео. Од нив може да се види голема тач-скрин табла кај воланот која веројатно дава информации за сите перформанси додека возите. Или не? Информациите компанијата ги чува во тајност.
Она што е сигурно, велат експертите од мото-индустријата е дека овој мотоцикл ќе им пркоси на Zero и Damon, најпопуларните електрични мотори во моментов.