TEШКОТО ДЕТСТВО НА ПУТИН Немал када, ниту топла вода, бркал стаорци, врсниците го задевале

Немаше топла вода, немаше када. Тоалетот беше ужасен. И беше толку ладно, страшно, вели неговата поранешна учителка Вера Дмитриевна Гуревич.

998

Врсниците го задевале, немал када ниту топла вода, а бркал стаорци во влезот на својата зграда, родителите често му гладувале, а сепак му пружале поддршка, до тој степен за да го разгалат за тој да верува дека секогаш е во право. Такво било растењето и созревањето на рускиот претседател Владимир Путин(69), пишува англиски Мирор, анализирајќи ја неговата автобиографија и други книги напишани за него.

Владимир Путин е роден на 7 октомври 1952 година во Ленинград, денешен Санкт Петербург. За време на Втората светска војна, Ленинград бил под опсада 900 дена. Повеќе од милион луѓе умреле од глад, семејствата биле уништени, татко му отишол во војна, а Путин во една од своите книги напишал дека неговата мајка била на работ на смртта за време на војната:






„Еднаш мајка ми се онесвести од глад. Луѓето мислеа дека е мртва. За среќа, мајка ми се разбуди на време и почна да стенка …“, напишал тој.

Неговиот татко успешно се вратил од војната, но до крајот на животот куцал поради повредите предизвикани од шрапнели.

Се верува дека брачната двојка Путин изгубила две поголеми деца, едното починало од дифтерија за време на војната, а другото поради друга детска болест. Владимир Путин бил „бебето чудо“ кое доцна пристигнало. Неговиот семеен дом бил ужасен, тој морал да го дели со уште две семејства.

– Немаше топла вода, немаше када. Тоалетот беше ужасен. И беше толку ладно, страшно – рекла неговата поранешна учителка Вера Дмитриевна Гуревич.

фото: твитер/принтскрин

Првата „војна“ што ја водел сегашниот руски претседател Владимир Путин била војната против стаорците што се појавиле во ходниците на неговото мрачно сиропиталиште во една трошна советска станбена зграда.

Во својата автобиографска книга од 2000 година Путин напишал:

„На влезот имаше орди стаорци. Јас и моите пријатели ги бркавме со палки. Еднаш забележав огромен стаорец и го бркав низ ходникот и го отерав во ќошот кај што не можеше да бега. Одеднаш се фрли на мене. Бев изненаден и исплашен бидејќи сега мене ме брка стаорецот. За среќа бев малку побрз и успеав да ја затворам вратата пред неговиот нос. Таму добив брза и трајна лекција за значењето на фразата „фатен во ќош“.

Путин како дете бил малтретиран од своите врсници, тој бил мал за своите години, па морал брзо да зајакне. Сега тој има црн појас во џудо. Маша Гесен, авторка на „Човекот без лице: Неверојатниот подем на Владимир Путин“, пишува:

„Родителите на Путин работеа дење и ноќе, мајка му работеше на разни неквалификувани работи. Малиот Путин беше оставен сам да се снаоѓа. Си играл во дворот како и сите други деца. Често го малтретирале сè додека не почнал да тренира самбо, вид на боречка вештина, а подоцна се префрлил на џудо“.

Во својата книга Гесен наведува и дека Путин е „остар, многу амбициозен и многу, многу алчен“, како и дека неговите родители ја „потхранувале“ таа алчност. На пример, Путин како тинејџер имал часовник, нешто што неговиот татко го немал. Кога неговите родители си допуштиле да купат автомобил, тие наводно му го дале на Путин кој тогаш бил студент.

Неговите родители го третирале како „крал“ и му давале чувство дека секогаш е во право, смета Гесен.

Еден од тие докази би можел да биде „палатата на Путин“, неговиот сегашен дом, како и фотографиите на кои јава голо торзо. Дури и фотографијата со францускиот претседател Емануел Макрон, каде тој седи на другиот крај од долгата маса, зборува за неговата потреба да се чувствува супериорно.

Според информациите објавени на веб-страницата на Кремљ, Путин сакал да работи во разузнавачката служба, дипломирал право на државниот универзитет во Ленинград и докторирал економија, а бил избран меѓу 100 или повеќе студенти за да студира за службата КГБ.

– Неговата најистакната особина, според мене, беше борбеноста и силната волја да ги постигне своите цели – вели неговиот колега од факултетот и КГБ, Павел Кошелев.

Во доцните 1980-ти, Путин бил испратен во Дрезден, Источна Германија, да работи на борбата против шпионирањето. Тој бил офицер на КГБ, а потоа стигнал да биде на чело на ФСБ, службата која ја наследи КГБ. Потоа Путин стана наследник на Борис Елцин кога тој поднесе оставка во 1999 година.

Тој самиот тврди дека неговата кариера во КГБ го подготвила за претседател. Дисциплинирано однесување кај него и денес е јасно видливо бидејќи тој работи помеѓу 16 и 17 часа во денот. Кон средината на 1980-тите Путин се оженил со Људмила, поранешна стјуардеса и со неа има две ќерки.

Откако тој и Људмила се разведоа во 2014 година, таа наводно рекла:

– Нашиот брак заврши поради фактот што едвај се гледавме. Владимир е целосно навлезен во својата работа.

Поврзани содржини