ПУТИН ИМА ПРОБЛЕМ СО ПИЈАНИЦИТЕ, ПА НАРАЧА „ГРОМ“ СПЕЦИЈАЛЦИ Тешко оди смената на „оркестарот Вагнер“ во Бахмут

Во пракса, окупационите единици „Бура 3“, опремени со таканаречениот „специјален контингент“, покажаа исклучително ниска борбена способност. Алкохолизмот, грабежите и дезертерството цветаат меѓу осудениците, вклучително и преку катастрофални загуби, соопшти главната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана.

1,589

Новите војници од групите „Бура З“ кои беа распоредени да ги заменат платениците од „Вагнер“ на првите линии на источниот фронт во Украина, на 100 километри од клучниот Бахмут, очигледно имаат потреба од засилување. Дали Кремљ навистина има проблем со „Бура 3“ кои на интернет имаат репутација на пијаници, деликвенти и затвореници со мала борбена способност?

Рускиот претседател Владимир Путин денеска одлучи да ја ангажира специјалната единица „Гром“ на руското Министерство за внатрешни работи, која инаку работи на сузбивање на криминал со дрога. Која ќе биде задачата на „Гром“?






Инсајдер го цитира Вашингтон Пост велејќи дека „Бура 3“ веќе во моментот се кај Бахмут, но не ја дава нивната точна бројка, иако Си-Ен-Ен неодамна објави дека според украински извории од војската, биле распоредени 180.000 лица. Сега одлуката за пуштање на новата „Гром“- единица на Путин доаѓа во време кога Украина размислува да ги пушти првите касетни бомби токму во Бахмут.

Плусинфо веќе пишуваше дека главниот украински воен стратег Олекандар Сирски смета дека ваквиот потег ќе биде „мала, но значајна победа“ и потврди дека муницијата е донесена на терен. Тука може да се додаде фактот дека единицата „Гром“ е позната по тоа што во 2019 година учествуваше во вежба за нуклеарна спремност во која биле вклучени и проектили од типот „Калибр“ и „Искандер“.

Според статија од европскиот Маршалов центар од 2020 година, вежбата именувана „Гром 2019“ била од „досега ненадминлив размер и комплексност“.

Во меѓувреме, се шират видеата на Твитер од незадоволните борци на „Бура 3“ кои велат дека ќе дезертираат поради несоодветната опрема. Тие се обраќаат до руските власти. А, дека тие немаат силни воени способности смета и прес-службата на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина во врска со „Сторм 3“ соопшти:

„Во пракса, окупационите единици „Бура 3“, опремени со таканаречениот „специјален контингент“, покажаа исклучително ниска борбена способност. Алкохолизмот, грабежите и дезертерството цветаат меѓу осудениците, вклучително и преку катастрофални загуби“.

Тие беа пуштени на фронот само по петнаесетина дена обука. Се чини дека работите одат тешко по состанокот на Путин со неговиот ривал Евгениј Пригожин кој сега е во Белорусија заедно со групата „Вагнер“ и, според шпекулациите, припрема напад на Киев од северна страна.

фото: твитер/принтскрин

Освен што беше пишувано дека единиците на „Бура 3“ можат да дезертираат од фронтот, се смета дека во нивните баталјони тие одат напред, а зад нив искусни борци кои го вперуваат оружјето во нив, во случај овие да се бунат.

Станува збор за регрутирани затвореници чии имиња првпат се слушнаа на почетокот на април, во документите што ги пронајдоа украинските сили. Западни извори, вклучително и Институтот за проучување на војната (ИСВ), тинк-тенк во Вашингтон, ги оценија украинските власти кои им ги покажаа документите како „веродостојни“.

На членовите на „Бура 3“ им беа ветени намалени затворски казни и плата еквивалентна на 2.200 долари месечно, двојно повеќе од просечната плата во Руската Федерација. Сепак, некои членови на „Бура 3“ наводно, му изразиле поддршка на Евгениј Пригожин кога тој го започнал својот марш за пуч кон Москва пред две недели.

Меѓутоа, откако застана на стотици километри пред главниот руски град, се појавија снимки на кои членовите на „Бура 3“ го навредуваат началникот Вагнер, нарекувајќи го „стаорец“ кој „побегнал“.

– Сите бевме подготвени да тргнеме по тебе. Не само „Бура 3“, туку и твоите луѓе. Но, ти не си маж – вели еден вооружен маж на видеото.

Во меѓувреме, Њузвик пренесе дека руските власти уапсија поранешниот полковник на Федералната служба за безбедност (ФСБ), кој, наводно, го водел телеграмскиот канал „Кремљ Laundress“ , а каде се пишува за внатрешната политика на Кремљ. Ова, според повеќе медиуми  укажува на зголемени тензии меѓу руската владата и нејзината главна агенција за безбедност, особени поврзани со неуспешниот пуч на Евгениј Пригожин.

Додека атмосферата се вжештува во Бахмут, Русија планира и масовен напад во североисточниот регион Харков, во обид да ги пренасочи напорите на Украина од нејзината контраофанзива, сметаат високи украински воени претставници. Портпаролот на украинската војска, полковник Серхиј Черевати, тврди дека Русија подготвила „многу моќна група“ за напад на градот Купјанск, на околу 100 килметри од Харков.

Полковникот рече дека се собираат повеќе од 100.000 војници, 900 тенкови и 550 артилериски системи, а дека Русија им наредила на баталјоните од поранешни затвореници да се подготват за битка. 

КАСЕТНИТЕ БОМБИ ПРВО ЌЕ ПАДНАТ ВО БАХМУТ? Тоа нема да ја забрза украинската контраофанзива, признава главниот стратег

 

180.000 НОВИ ВОЈНИЦИ ЌЕ ЈА ПРЕЗЕМАТ РАБОТАТА НА „ВАГНЕР“ Русите спремаат нов штит околу Бахмут и источните жаришта

 

Поврзани содржини