ТЕОДОР ИМА 20 ГОДИНИ И ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА И ЗА ПРВПАТ ВО ЖИВОТОТ Е ОПТИМИСТ Подготвен е да се бори за лекот што ќе му го подобри животот

Теодор е отсекогаш голем песимист кога станува збор за неговата дијагноза и често знае да ми каже: Зошто ме тераш да го правам сето ова кога и онака ќе умрам! Откако размени искуства со негови врсници ширум светот чиј квалитет на живот е значително подобрен откако го примаат лекот Трикафта, тој е подготвен да се бори за него и за првпат во животот чувствува оптимизам, вели Лидија Балова, мајка на ова момче со цистична фиброза

784

Лидија Балова од Велес е мајка на двајца синови, поголемиот, Ламбе, има 28, а помалиот, Теодор – 20 години. Таа е онколошки пациент и зема инвалидска пензија, а помалиот син, инаку, студент на Технолошко-техничкиот факултет во Велес, отсек, нутриционизам, е пациент со цистична фиброза.

Сопругот на Лидија починал пред пет години од меланом, а неа, само 15 дена подоцна ѝ бил откриен карцином на дојка. Вели дека само во тој период, додека одела на хемотерапија, ја запоставила малку грижата околу Теодор, кој се снаоѓал со секојдневните терапии и инхалации сам или со помош на неговиот постар брат.






Имено, тој секојдневно има многу обврски поврзани со болеста кои доколку пропушти да ги направи, веднаш се одразуваат со влошување на неговата здравствена состојба.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини