„ТЕНИСОТ МЕ ПОДГОТВИ ЗА ВОЈНА“ Порано го победуваше Надал, сега покажува како со дрон фрла бомби врз Русите (ВИДЕО)

На почетокот на руската инвазија на Украина, Долгополов го напушти тенисот и доброволно се приклучи на украинската армија во одбрана на својата земја.

1,249

Некогашиот 13 тенисер во светот Александар Долгополов денес се бори во војната против Русија за својата земја Украина.

Долгополов го замени рекетот со навигатори за бомби. Сега тој е пилот на беспилотни летала со бомби со кои ги гаѓа кон целите на руските противници.






Поранешниот украински тенисер сподели видео на Твитер во кое ја демонстрира својата улога.

– Со вежбање до совршенство. А коментарите на моите соборци се непроценливи – напиша Долгополов.

Пензионираниот 36-годишен Долгополов во кариерата освои три титули. Прво во Умаг во 2011 година, потоа во Вашингтон една година подоцна и Буенос Аирес во 2017 година.

На почетокот на руската инвазија на Украина, Долгополов го напушти тенисот и доброволно се приклучи на украинската армија во одбрана на својата земја.

– Војната е огромен хаос. На некој начин, тенисот ме подготви за војна. Мора да бидете мирни под притисок и да реагирате брзо и прецизно, да носите правилни одлуки. Не паничете, многу техники во тенисот може да се применат и во војна. Погрешните одлуки во војна може да ве чинат живот – рече Долгополов во едно од претходните интервјуа.

 

Поврзани содржини