ТЕМИ И РАЗГОВОРИ КОИ НЕ СЕ ЗА ПРЕД ДЕЦА Не озборувајте, не зборувајте лошо за себе, не ги споделувајте со нив грижите
Според психолозите, децата почнуваат да учат да размислуваат сами по седумгодишна возраст. Но и тогаш продолжуваат да го следат примерот на своите родители… Чувствителни се на својата околина, особено на домашната средина, па има повеќе теми за кои никогаш не треба да се разговара пред нив.
Децата по природа се љубопитни и „впиваат“ сè што ќе слушнат. Затоа, родителот мора да биде свесен за она што го кажува и да се погрижи зборовите да не повредуваат и да нема последици од тоа. Британскиот психолог Анџела Карања вели дека однесувањето, вредностите, уверувањата и ставовите лесно се пренесуваат со набљудување, слушање и имитирање на повозрасните.
„Како млади луѓе со неразвиен мозок, децата немаат ментални вештини да го прегледаат она што им е претставено и да увидат дали тоа е добро или лошо. Колку е помладо детето, толку се пострашни последиците. Потсвеста е отворена и субјективна на секакви предлози пред седумгодишна возраст. Дотогаш децата не размислуваат, особено не објективно“, појаснува таа.
Карања вели дека децата почнуваат да учат да размислуваат сами по седумгодишна возраст. Но и тогаш продолжуваат да го следат примерот на своите родители… Чувствителни се на својата околина, особено на домашната средина, па според семејниот психологот, има повеќе теми за кои никогаш не треба да се разговара пред децата.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.