ТЕЛ АВИВ ВО ИЗРАЕЛ Е НАЈСКАП ГРАД ВО СВЕТОТ Технолошкиот бум им се удри од глава
Најбрзо растеле цените на енергијата, но и на транспортот. Всушност сè е поскапено на глобално ниво особено по короната, а тоа е поради проблемите со синџирот на снабдување и промените на девизниот курс.
Израелскиот технолошки бум ги зголеми трошоците за живот толку многу што главниот град Тел Авив беше прогласен за најскап за 2021, според Economist Intelligence Unit. Второто место го делат Париз и Сингапур, а следуваат Цирих, Хонгконг и Њујорк, пишува БизнисИнсајдер. Во анализата земени е цените на повеќе од 200 стоки и услуги во 173 земји.
Ова е првпат Тел Авив да биде на врвот на списокот. Поместување од петтото на прво место делумно се должи на јачината на израелската валута шекел во однос на доларот.
„Порастот на градот главно ја одразува зголемената валута, поттикната во однос на доларот со успешното пуштање во употреба на вакцината против ковид-19 во Израел“, се вели во извештајот.
Шекелот пораснал и затоа што земјата била атрактивна за странските технолошки инвеститори, објави EIU. Тел Авив стана своевидна Силиконска долина на Израел. Ова ги зголеми и цените на недвижностите во Тел Авив иако тие не се сметаат за дел од индексот на EUI.
Најбрзо растеле цените на енергијата, но и на транспортот. Всушност сè е поскапено на глобално ниво особено по короната, а тоа е поради проблемите со синџирот на снабдување и промените на девизниот курс.
Во просек, цените на стоките и услугите годинава пораснале за 3,5 отсто, што е речиси двојно повеќе од ланските 1,9 отсто.
Еве го списокот на првите 10 најскапи градови во светот на EIU:
- Тел Авив, Израел
- Париз, Франција
- Сингапур, Сингапур
- Цирих, Швајцарија
- Специјален административен регион Хонгконг, Кина
- Њујорк, САД
- Женева, Швајцарија
- Копенхаген, Данска
- Лос Анџелес, САД
- Осака, Јапонија