📽 ТАЖНИ СЛИКИ ОД ВИЛАТА НА РОМСКАТА КРАЛИЦА Еве како изгледа некогашната куќа на Есма Реџепова
Тестаментот на Есма беше отворен една година по нејзината смрт во Скопје кога беше откриено кому му припаѓа целиот нејзин имот.
Снимки до демолираната и вандализирана вила на ромската кралица Есма Реџепова објави корисник на ТикТок од Србија. На видеото може да се видат расфрлани предмети и речиси празни соби од напуштениот објект кој се наоѓа близу скопското Кале.
Тестаментот на Есма беше отворен една година по нејзината смрт во Скопје кога беше откриено кому му припаѓа целиот нејзин имот.
Светски познатата Реџепова почина на денешен ден пред осум години по тешко боледување на 73 годишна возраст. Таа во својот живот има одгледано 47 деца и одржано голем број хуманитарни акции. Во секое интервју кое го даваше патувајќи низ светот, таа ја спомнуваше Македонија.
@radio.svetski #kucaesmeredzepove #esmaredzepova #kucepoznatih #skopje #makedonia #makedonija #estrada #zvezdegranda #generacijazed ♬ Čaje Šukarije – Esma Redzepova
Неколку месеци пред смртта, поточно во мај, беше промовирана нејзината монографија.
Таа беше музички активна 55 години. Учествуваше на врвни музички фестивали и манифестации низ светот. Есма беше вистински музички амбасадор на Македонија во светот.
За време на својата 55-годишна кариера, Есма Реџепова-Теодосиевска има остварено повеќе од 12.000 солистички концерти во Република Македонија и надвор од неа. Во дискографијата на Есма Реџепова-Теодосиевска се наведени 15 албуми за домашни и странски продуцентски куќи, а оствари соработка и со еминентни музички светски имиња.