„ТАТЕНЦА“ КУПУВААТ СЕКС СО МАЛОЛЕТНИЧКИ НА ПОЗНАТ ГЕРМАНСКИ САЈТ Разоткриен синџир на злоупотреба, но законите на ЕУ се немоќни да го скршат?

Сепак, според германското федерално министерство за дигитални технологии, построгата проверка на возраста за луѓето кои пристапуваат на овие сајтови не е во согласност со прописите на Европската унија.

1,041

Постарите мажи во Германија користат платформи како MySugardaddy за да контактираат со малолетнички, додека младите девојки го користат ова за да заработуваат, потврди новото истражување на германските новинари. Тоа не е отпрвин видливо на сајтот каде се прикажани романтични сцени од парови кои пијат шампањ во спа комплекси, пазарат накит или се забавуваат…

Платформата – чие име во бесплатен превод би можело да биде „Мојот сладок тато“ – е наменета за млади жени кои заради џепарлак, скапа облека и посети на ексклузивни ресторани се подготвени да се вклучат во емотивни и главно сексуални односи со постари мажи.






Во описот се наведува дека тоа е „водечката европска платформа за запознавање“, односно платформа за поврзување парови. Се нагласува дека брои четири милиони членови и дека нивниот број расте, особено по избивањето на пандемијата на корона, пренесува Дојче веле.

Правиш профил и веднаш те контактираат мажи меѓу 40 и 60 години

Но, зад таа наводна слатка врска со „тато“ која има за цел заемна корист и нуди ветувања за гламурозен живот, често се крие горчливата вистина: злоупотреба на малолетници.

Истражувачкиот тим поминал неколку недели создавајќи разни лажни профили на платформата. Како наводен 18-годишник, репортерот се регистрирал на mysugardaddy.com со само неколку кликања. Веднаш ја контактирале мажи меѓу 40 и 60 години.

„Татенце“ бил поранешен пратеник во Бундестагот!

Според Дојче Веле, по кратка размена на пораки, првиот од учесниците потврдил дека претходно на платформата се среќавале со малолетници и дека платиле за сексуални односи со нив.

Репортерката му се претставила на едно лице со кое разменувала пораки како 17-годишна девојка, а со тоа и како малолетна. Тоа не му било проблем и тој ја поканил да се видат во хотел во Берлин. Пред тоа, тој ја прашал репортерката, наводно малолетно девојче, дали зема апчиња за контрацепција и какви сексуални односи претпочита.

Признал и дека преку платформата се запознал со повеќе од десет малолетници, некои од нив лично, а дека со најмладиот со кој „има нешто“, имал само 14 години.

Користејќи ја услугата за пребарување фотографии на Гугл, новинарите открија дека 48-годишниот маж е поранешен пратеник во германскиот Бундестаг и дека моментално е на функција на локално ниво.

фото: pixabay.com

„Нудам менторство“

Опремена со скриена камера, репортерката потоа се сретнала со него, а потоа се претставила како новинарка.

Како што изјавил „слаткиот татко“, малолетниците „знаеле што прават“. Дополнително, како што додал, и двете страни немале интерес таквиот однос да стане јавен, бидејќи и двете сакаат да го зачуваат својот углед. Кога репортерката му посочила дека сексот со малолетничка за пари е кривично дело, тој го избегнал одговорот велејќи дека „за тоа може да се разговара“.

Тој исто така рекол дека бара врски „на исто ниво“ и дека нуди менторство. Како што нагласил, овде не гледа „нерамнотежа на моќта“. Прашањето што вели за секс за пари со 14-годишно девојче и дали е свесен за кривична одговорност останало без одговор.

Германија го памети слулајот со Данијел Б. кој на различни платформи се допишувал со девојчиња на возраст од 13 до 16 години и повремено вршел полови дејствија врз нив или пред нив. Тој беше осуден на три години и шест месеци затвор за неколку случаи.

Нема како да се проверува дали некој излажал дека има 18 години?!

Германската криминалистичката полиција и некои провинциски криминални канцеларии потврдиле дека се свесни за случаи на сексуална злоупотреба што се случиле по користење на платформата „MySugardaddy“ .

Сепак, според германското федерално министерство за дигитални технологии, построгата проверка на возраста за луѓето кои пристапуваат на овие сајтови не е во согласност со прописите на Европската унија.

Со други зборови, малолетниците и малолетничките кои пристапуваат на сајтот едноставно ставаат лажен датум на раѓање и за миг добиваат пристап до сајтот.

 

Поврзани содржини