ТАТАРИТЕ НА КРИМ ПАК БИРААТ МЕЃУ МОСКВА И КИЕВ Сталин ги депортирал, Хитлер сакал да ги исчисти

Сталин раселил над 180.000 Татари од Крим во Узбекистан каде требало да почнат од нула. Подоцна во СССР, под Горбачов, оваа одлука била променета за тие да се вратат, но вистинското враќање не почнало пред 1990-тите години. По краткиот мир и враќање на огништата, Татарите во 2014 година потпаѓаат под Русија, а денес се во центарот на војната меѓу Западот и Истокот. Слично како во Втората светска војна кога дел од нив беа со Хитлер, дел со Сталин. Или пак претходно, кога дел биле со руските цареви, а дел со Османлиите.

856

Додека Москва и Киев се борат за превласт на полуостровот Крим кој е една од клучните точки во војната, а историски бил местото каде на Јалта завршила Втората светска војна, едно друго малцинство кое живее на полуостровот се двоуми која страна да ја заземе во војната. Кримските Татари се стар народ, а за него се интересира и Турција, која ги гледа како „братски“ турски народ. Но, откако Крим стана руски во „мајданот“ од 2014 година работите се напнати, пишува за РТ историчарот Евгениј Норин.

Украина постојано обвинува дека Русите не ги почитуваат правата на кримските Татари за да го придобијат ова малцинство кое се бори на двете страни. Што се однесува до нивните права, тие имале посебна република Крим во времето на СССР. Сепак, во 1940-тите години Сталин решил насилно да ги депортира во Централна Азија што е причина зошто тие соработувале со нацистите и со украински симпатизери на нацистите.






Во актуелната војна на Путин, татарските активисти првично беа активни на страната на Украина. Всушност првите жртви од судирите на полуостровот беа двајца Руси кои загинаа кога се судрија промосковските и прокиевските татарски собири.

Москва научи од грешките на Советскиот Сојуз и покажа многу поголема флексибилност во својата етничка и јазична политика во однос на Крим отколку што се гледаше тогаш. Етничко-културната автономија на Кримските Татари е признаена во рамките на Русија, а официјалните јазици во регионот вклучуваат руски, украински и кримски татарски.

Сепак, ова не ги спречува Татарите да ја поддржуваат и едната и другата страна во надеж дека ќе бидат остварени нивните права.

Поданици на рускиот цар, но и на Османлиите

Формирањето на Кримските Татари како етничка група се случило помеѓу 13 и 17 век, кога се обединиле Куманите, познати и како Половци, турски номадски народ кој се појавил во областа во текот на десеттиот век, со други кои го населувале полуостровот уште од античко време. Тие постепено претрпеле татаризација.

Во 18 век, по серија успешни воени кампањи, како и преку дипломатија, Руската империја го вклучила Крим. Додека некои од локалната висока класа склучија договор со новите владетели, други избраа да го напуштат полуостровот и да се приклучат на Отоманската империја преку морето.

По формирањето на Советскиот Сојуз во 1921 година, Кримската автономна Советска Социјалистичка Република беше создадена како дел од Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република.

фото: твитер/принтскрин

Плановите на Хитлер за Татарите

Хитлер чуваше посебно место за Крим во неговите идни планови за Третиот Рајх по очекуваната победа во Втората светска војна. Полуостровот требало да биде „ослободен“ од жителите поради доаѓањето на ариевско население. И покрај фактот што овој проект не бил спроведен, Крим останал под нацистичка окупација скоро две години и тоа било доволно тешко.

Нацистите се истакнале во уметноста на владеење со окупираните територии со активно применување на принципот „раздели и владеј“ на локалните етнички групи и нации. Така, тие се потпирале на украинските соработници да ја вршат целата нивна валкана работа во Белорусија, а ги користеле Козаците за да го задушат востанието во Варшава во 1944 година.

На Крим, нивните сојузници биле таканаречените „татарски национални комитети“, организирани од германските разузнавачки органи во со цел да се влијае врз локалното население, да се шири пропаганда и да се регрутираат доброволци кои често биле користени за инфилтрирање во задниот дел на Црвената армија со шпиони и саботери.

Како Крим стана дел од Русија и зошто ѝ беше подарен на Украина?

Бројот на кримските Татари во Црвената армија беше само малку поголем отколку оние кои биле во одредите кои соработувала со Хитлер. Меѓутоа, во 1943 година Татарите преминаа на страната на партизаните.

Па сепак, многумина останаа со Хитлер до крајот. Неколку баталјони соработници беа поразени во пролетта 1944 година. Оние кои успеаја да се повлечат со Германците, потоа ја формираа бригадата на татарската планина Јегер на СС.

Во пролетта 1944 година, Русите ја поразија германската 17-та армија и го ослободија Крим. Во тој момент, раководството на земјата беше соочено со „татарското прашање“. Во мај 1944 година, друг Грузиец Лавренти Берија – началникот на политичката полиција на СССР, НКВД – му пријавил на Сталин дека повеќе од 5.000 соработници (не само Татари) биле уапсени на Крим и дека биле запленети околу 6.000 огнено оружје на полуостровот. Бериа нагласи дека „значаен дел“ од татарското население соработувал со нацистите.

Токму Берија предложил иселување на Татарите од Крим и нивно испраќање во Узбекистан на употреба во земјоделството. Буквално следниот ден, на 11 мај 1944 година, Државниот комитет за одбрана на СССР усвоил резолуција за насилно иселување на Татарите.

Им било дозволено со себе да земат лични работи, облека, опрема за домаќинството и храна, но нивната земја, стоката и другиот имот биле запленети од државата.

Кримскиот полуостров и Азовското море, фото: твитер/принтскрин

Иселување во Узбекистан за рекордни три дена

Единиците на НКВД ја извршиле операцијата во рок од три дена. Околу 180.000 луѓе беа натоварени во 67 возови и испратени во Централна Азија. Во исто време, војската запленила уште околу 12.000 парчиња оружје, вклучувајќи минофрлачи и митралези. Војниците од првата линија кои учествувале во кримското советско подземје и нивните семејства успеале да избегнат депортација на барање, како и некои жени кои се омажиле за мажи од друга националност.

Условите за живот на местото на пристигнување биле исклучително тешки. Освен природната смртност, современите истражувачи веруваат дека најмалку 13% починале во есента 1948 година. Вреди да се напомни дека значителен дел од овие луѓе станале жртви на последниот масовен глад што го погоди СССР, што се случи веднаш по војната.

Меѓутоа, за Кримските Татари ситуацијата била комплицирана од запленувањето на нивниот имот, тешките услови за живот на новото место и непознатата клима. Иако властите им доделиле градежни материјали, земјиште и заеми за изградба, луѓето биле принудени да се населат во Узбекистан во суштина од нула.

Враќање на Татарите на Крим во 1990-тите и распадот на СССР

Ситуацијата не се промени долго време, дури и по смртта на Сталин. Пресвртна точка беше декретот на Президиумот на Врховниот Совет на СССР. Сепак, правните нијанси содржани во истиот декрет, всушност, ја ограничија нивната способност да се вратат назад на Крим.

Масовното враќање на Татарите на Крим започнало дури во 1990 година, непосредно пред распадот на СССР. Бидејќи Советскиот Сојуз веќе бил во смртна мака, а татарското прашање било прашање од трета класа за властите и на Русија и на Украина, се појавил нов проблем кога Татарите се нафатиле да ги запленат земјишните парцели при враќањето на Крим. Од нивна гледна точка, тие едноставно повторно го присвојувале она што го изгубиле во 1944 година.

Кримските Татари се еден од бројните народи чија судбина доживеа драматичен пресврт во 20 век. Повторно во 1950-тите кога советскиот водач Никита Хрушчов, и самиот израснат во Источна Украина, ја предаде територијата на Киев, очигледно без да се консултира со никого. Меѓутоа, во доцната ера на СССР, нивната ситуација се стабилизираше и судбината на Татарите генерално се совпадна со онаа на останатите жители на Крим.

Поврзани содржини