ТАМПОН ЗОНАТА ДА СЕ ПРОТЕГА ДО ГРАНИЦАТА СО ПОЛСКА Идејата на Медведев е дијаметрално различна со онаа на Украинците

За тампон зона се размислува и во Украина, но мапите таму изгледаат поинаку. Неодамна шефот на украинското воено разузнавање, 37-годишниот генерал Кирило Буданов за британски Тајмс изјави дека демилитаризираната зона треба да се протега 100 километри внатре во Русија.

1,344

Секоја потенцијална демилитаризирана зона создадена од Русија во Украина треба да се протега блиску до полската граница, изјави во средата поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, пренесе Тасс.

Пишувајќи на Телеграм, Медведев одговори на забелешките на претседателот Владимир Путин, кој во вторникот посочи дека Москва би можела да размисли за формирање „тампон зона“ во Украина за да спречи гранатирање на руските региони.






„Имајќи ги предвид одлуките на непријателот да го снабдува режимот во Киев со оружје со уште поголем дострел, оваа линија треба да помине во областа на Лавов… за да може да игра вистинска одбранбена улога“,  напиша Медведев, мислејќи на големиот град во западна Украина, недалеку од полската граница.

За тампон зона се размислува и во Украина, но мапите таму изгледаат поинаку. Неодамна шефот на украинското воено разузнавање, 37-годишниот генерал Кирило Буданов за британски Тајмс изјави дека демилитаризираната зона треба да се протега 100 километри внатре во Русија.

ПЛАНИРАМЕ НЕУТРАЛНА ЗОНА 100 КМ ВНАТРЕ ВО РУСИЈА Генерал Буданов открива дали Украинците се вмешани во убиствата на Татарски, Дарја Дугина…

 

Поврзани содржини