ТАКСИСТКА КОЈА ЛИЧИ НА КИМ КАРДАШИЈАН, А ВОЗИ КАКО ШУМАХЕР Новосадската убавица е најбараната таксистка во градот

Оваа млада девојка која се нашла себеси во професијата – таксист, вели дека вози само ноќни смени, но и дека е најдобар возач во градот. За жал, не станува збор за Скопје, туку за Нови Сад. Што мислите вие, колку жени-таксистки возат во нашиот град и што би се случило кога оваа убава девојка би била зад воланот на некое скопско такси?

654

Како дете си играла со своите браќа и другари од улица. Таа се натпреварувала со нив во возење велосипед, ролери, скејтборд, а подоцна и мотори и автомобили.

Љубовта кон автомобилите ѝ се појавила од мали нозе. Нејзиниот дедо бил професионален возач на луѓе од деловниот свет. Ја гледала мајка ѝ како вози, решила сама да проба и успеала. Веќе на 13 години тајно го запалила автомобилот и се возела по споредните улички на селото од каде што се нејзините родители. Уште како мала собирала колички и си играла со нив.
Маријана Маљеновиќ е најмладата таксистка во Нови Сад. Таа е омилена меѓу колегите и клиентите. Бонбоните и слатките се задолжителни во нејзиниот автомобил. Таа вози исклучиво ноќе.






„Тоа се случи сосема случајно. Во слободно време доставував храна и во таа прилика запознав човек, кој сега ми е директор. Се изненади кога виде млада девојка на таа работа. Ми остави контакт во случај да сакам да дојдам да работам во Ред Такси. Долго не размислував за таа опција. Подоцна отидов на интервју, сакав да пробам, го положив испитот од познавање на градот, добив лиценца и почнав да работам во ноември 2019 година.
Работев кратко во текот на денот додека не се навикнав. Повеќе ме привлекуваше ноќната работа, младешката енергија, бидејќи младите многу излегуваат и во градот владее посебна енергија слична на мојата. Од самиот почеток, клиентите ме прифатија со ентузијазам, а јас секогаш се трудам да бидам фина со сите и да уживам во возењето. Нескромно се сметам за дефинитивно најдобар возач во градот и воопшто, кога и да се најдам на пат“, вели таа за еден српски портал.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини