ТАКОВ Е, ПОВЛЕКОЛ НА МЕНЕ! Како родителските етикети стануваат самоисполнувачко пророштво?

Пигмалион ефектот ја опишува појавата кога очекувањата на возрасните се исполнуваат токму затоа што веруваме во нив. Со други зборови – детето често станува она што постојано му порачуваме дека е.

16

Дали знаете што е Пигмалион ефект во родителството?
Колку пати, речиси случајно, онака патем, без размислување, сме изговориле реченици како:

„Тој е тврдоглав, цел е на мене.“






„Таа е срамежлива, и јас бев таква.“

„Не е баш за училиште, и ние во семејството не бевме некои ученици.“

Ги кажуваме без никаква лоша намера. Понекогаш дури и со доза на гордост, понекогаш со блага загриженост, а често како објаснување – кон себе и кон другите. Сепак, овие реченици не се само опис на детето. Тие се порака. А пораките што децата постојано ги слушаат имаат моќ да го обликуваат она што ќе станат.
Тука доаѓа до израз Пигмалион ефектот.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини