цар самоил Archives - plusinfo.mk

„Добрососедски“ археолошки испрдоци
Нема да кажам дека не ги разбирам реакциите апропо „скандалот Самоил“. Ама зарем бевме толку наивни па верувавме – или веруваа, некои, кои сега симпатично си се нарекуваат „гордите слепци на Самоил“ – дека ги решиле сите проблеми, па остана само оној викан „Бугари во Устав“? Други пак се „чудат“ во каков тоа свет сака (Северна) Македонија да живее? Но како никој од овие „умници“ не се чуди зошто љубимите им Б’лгари со години измислуваат свои „браќа“ во Пустец – центар на Мала Преспа – само за да ѝ прават друштво на поголемата измислица викана останките на „можеби Самоил“? Нив не можеа да ги измислат, но успеаја да го одоброволат за трампа секогаш подготвениот побратим Мицотакис.

И зошто на овие наши локални „горди слепци“ толку им се допаѓа ваквото резилење на историјата коешто, де факто, ја докажува само нивната денешна дволична улога?

Но, како и во животот, така и во политиката сѐ си доаѓа на наплата. Или, попрво, сите идиотштини на политиката потоа доаѓаат на наплата во животот. Како впрочем и ова со Самоил, од неговите „слепци“. Што требаше и да се очекува. Можеби, барем за мене, не беше предвидлив баш конкретниот чекор, зашто такво нешто само на неарни мајтапчии од форматот на Бај Гањо може да им текне, но нешто слично – да. А кога на таков лик ќе му се придружи и некој соседен Караѓоз или Момос, плус и локален Итар Пејо од домашна опозициска провениенција, го добивате славното трио балкански малоумни мајтапчии и ова што ни го приредуваат деновиве. Откако еден грст бедни македонски итарпејовски политиканти и „големи“ еурофили им ги исполнија сите вековни сништа на кочоперните соседни итромани, требаше да знаеме дека ќе дојде мигот кога тие „новоцивилизирани“ европејци отворено, да простите, ќе ни се посерат врз главите! Без око да им трепне. Заедно со онаа „госпожа“ Урсула како главен капо на таквите процеси.

Меѓутоа, за волја на вистината, овој грчко-бугарски самоиловски дует со локални опозициски терцирања и под диригентската палка на еу (малите букви се…), како и да заврши, е само уште едно скаредно мајтапење со историјата и современоста на Македонија, една бизарна грчко-бугарско-сдсмовска циркусијада која што ќе постигне единствено спротивен ефект. Не само кај нас. А кога вакви „археолошки испрдоци“ на нечии „можеби“ коски би докажувале историја и идентитет, колкави ли колони со секакви „посмртни останки“ би се шетале низ светот!?

А ние – поточно нашиве „слепци“ – ќе глумат дека се изненадени наспроти бројните знаци, но и отворени укажувања дека нештата се далеку, многу далеку од „европејски“ чисти во валканата историско-идентитетска (не)културна војна на соседите градена речиси два века. Во која тие слепо и глупо ја турнаа земјава. Или не беше баш така слепо и глупо како што изгледа(ше) бидејќи тие сега целосно го игнорираат скандалот небаре – го нема?!

Згора, кога повторно го слушате локалниов Итар Пејо преправен во „лидер“ на опозицијата и неговиот уличарски говор како продолжеток на оние седумгодишни бит-пазарски „политики“ на неговите претходници и целата таа сељачка номенклатура, логично е да се прашате: па каде растела оваа багра, во која црна провинција, меѓу какви нелуѓе? Можно ли е во оваа Македонија, после сѐ што поминавме, па и после овој скандал со Самоил, и понатаму да има такви поединци и групи/„партии“ кои би распродале сѐ без око да им трепне, кои во актуелните состојби упорно ја бараат вината кај другиот плачејќи дека „сме во ќорсокак“, дека по наша вина нѐ нема пред вратата на Европа, дека сето ова било некаква патриотска глума зашто „името, јазикот, културата, идентитетот, па сè е зачувано во меѓународните договори“! А и „коскиве“ ли се таму бре шутрак? И ако навистина има комплетни идиоти во државава, зарем не се тоа токму тие што така мислат? Сосе онаа епохално идиотска теза дека со Бугарија и Грција нѐ поврзува заеднички начин на живот? Па зарем можеме да бидеме толкави идиоти?!

И зошто впрочем не отидоа кај Радев и Мицотакис да им го кажат тоа, но и да се наредат во поворката за испраќањето на посмртните останки на „можеби Самоил“ од Грција во Бугарија? А можеби навистина би им ги „спакувале“ и Охрид и Преспа како дополнителен подарок на Бугарите, да се почувствуваат малку поголеми македонофили?! Инаку, во слободно време, нашиве „слепци“ се, ете, тооолку загрижени „како живееме, зошто се селиме и бегаме што подалеку“ и не сакаат вака да им изгледа „животот до судниот ден“. Зашто би го вратиле она едно друго време, кога не беа слепци туку очиклени итарпејовци, кога дрпаа од сите страни и не ги интересираше многу „гладниот Македонец“!

Меѓутоа, и по којзнае кој пат: зарем уште не можеме да ги поврземе сите вакви скандалозни „Самоиловски“ точки во мозаикот наречен (ке)културна војна против Македонија? И што ние воопшто правиме во тој поглед и во одбрана на државата? Ако конечно и целосно ги исклучиме – а одамна требаше – сите оние малициозни навивачки гласови за некакво наше заостанување, ќорсокаци и слични будалаштини, што всушност прави власта контра оваа војна? Или смета дека ова не е војна туку некаква добрососедска, да простите, заебанција? Која што нема крај? Зашто, во случајов, и не само заради Самоил, сето ова што се случува во соседството и еу како нивен покровител одамна е директно и отворено вперено контра интересите на Македонија. Не само по нивна вина односно вина на соседите и „политиките“ на еу, туку и заради оние последни (за век и веков) седум сдсмовски години на национално предавство што ја доведоа државата до ова дереџе.

Инаку, крајот, за жал, ќе е сепак предвидлив. И тој ќе биде многу сличен на она дека „нашата ’заедничка историја’, всушност, е туѓа. Дека сме ја украле. Дека сме фалсификатори и лажговци. Дека, всушност, сме измислени и дека не постоиме“ (Героски).

Извор: Теодосиевски уметност

The post „Добрососедски“ археолошки испрдоци appeared first on plusinfo.mk.

ТЕШКО ДЕКА САМУИЛ БИЛ ВИСОК САМО 155 САНТИМЕТРИ Толкава е висината на мажот чии коски се откопани на островот Ахил
По идентификацијата на ликовите од минијатури од 11-ти и 12-ти век веќе точно се знае како изгледал Самуил, како неговиот син Гаврило Радомир, неговите ќерки Мирослава и Косара, неговата сопруга Агата, но и неговиот внук од брат Јован Владислав и неговата сопруга  Марија. Во таканаречениот Мадридски ракопис, стар повеќе од девет века, има минијатури нацртани додека уште биле живи директните потомци на македонскиот цар. Според идентификацијата што своевремено ја изврши проф. д-р Милан Бошкоски од Интитутот за национална историја во Скопје, цар Самуил на минијатурата од свадата на неговата ќерка Мирослава е на возраст од околу 50 години, а овој негов лик во боја, заедно со уште два цртежа, се единствените автентични ликови на македонскиот цар!

Оттука, според пишувањето на д-р Бошкоски, сѐ што досега е објавено како негов портрет е само слободна уметничка визија за тоа како би можел да изгледа цар Самуил:

„Истражувајќи го времето на цар Самуил имав многу податоци за разни настани што се случувале во негово време, но особено  интересни беа записите на  Јован Скилица во Мадридскиот ракопис, каде тој опишува повеќе конкретни историски сцени од тоа време. Една од нив е сцената во која Гаврило Радомир, синот на цар Самуил, го спасува во последен миг својот татко по битката на Беласица, носејќи го во Прилеп. Токму една таква сцена е насликана во една од минијатурите во Мадридскиот ракопис, а јас успеав за првпат да ги идентификувам личностите. На таа минијатура јасно се разликуваат две групи на воини: во првата група се коњаници во напад, а во втората група се коњаници кои отстапуваат пред неа, односно се повлекуваат од бојното поле. Во групата што се повлекува е цар Самуил со придружбата. Може добро да се забележи дека во левата рака држи штит а во десната копје. Според изворот стои дека од сигурна смрт го спасил синот, па  лесно може да се идентификува дека личноста до него е Гаврило Радомир, кој носи панцир, а третиот човек е најверојатно Јован Владислав, внук на Самуил, син на неговиот брат Арон. Гонителите ги предводи визанстискиот цар Василиј Втори. За таа минијатура во литерататурата се знаеше само дека е  мотив од битката на Беласица.“

Цртеж од венчавката на ќерката на Самуил!

Сепак, според пишувањето на д-р Бошкоски, најзначајна е минијатурата на која се прикажува венчавката на Мирослава, најстарата ќерка на Самоил.

„Минијатурата прикажува церемонија на венчавка во катедрална црква, а на церемонијата се присутни  дел од најблиските роднини на невестата. Значи, ако се гледа внимателно, може да се види дека на церемонијата на венчавката присуствуваат свештеник, три жени и тројца мажи.

ФОТО: Википедија

Коските откопани во Ахил кај Преспа, кои денеска Грција ќе и ги предаде на Бугарија како коски на цар Самуил, се коски на човек кој според самиот грчки археолог кој откопуваше на Ахил, а и подоцнежните испитување, бил висок околу 155 сантиметри. Ако се анализира добро оваа минијатура, а првиот од тројцата мажи е Самуил кој наводно е висок 155 см, тогаш жените кои се пред него, вклучително и неговата сопруга, а кои се пониски, се високи околу 145 сантиметри, што не може да биде точно. Просечната висина на мажите на Балканот, според д-р Бошковски, во тоа време била околу 170 см, а според споредувањата на сите минијатури, д-р Бошковски велеше дека Самуил бил натпрочсечно висок, можеби дури 190 см, но во никој случај не бил со таа висина која би одговарала на скелетот и коските на човекот висок 155 см, а кои денеска ќе ги добие Бугарија. Со други зборови, тоа се коски на непознат човек, но не и на Самуил.

Над младенците стои зборот „брак“ што значи дека станува збор за  венчавка во црква. Над тројцата мажи, односно над мажот во средината, стои натпис дека е Самуил и тоа е непобитен писмен доказ за тоа кој е Самуил. Треба да се знае дека тоа се минијатури насликани на почетокот на 12-ти век  во ракописи на Јован Скилица од 11 –ти век. Значи, историјата што ја напишал Скилица, подоцна била илустрирана со повеќе минијатури од анонимен автор. Но, да се вратиме на минијатурата од венчавањето која е многу битна за да се утврди точно ликот на цар Самуил, затоа што само на неа точно пишува кој е Самуил. Притоа се гледа свештеникот кој врши венчална служба, а до него е и архиепископот, кој е претставен со  архиерејска облека со крстови. Токму архиепископот ја става венчалната круна а младенците стојат пред него со наведнати глави. Невестата е Мирослава, ќерка на Самуил, а младоженецот е Ашот, византиски благородник од Солун. До младенците стојат три жени во свечена, виолетова облека, каква што се носела на дворот само во свечени моменти. Бидејќи историски е потврдено дека настанот се случил во 997-та година, кога цар Самуил имал околу 50 години, меѓу жените може да се идентификуваат неговата сопруга Агата, која е облечена во свечена облека, со златен накит и околувратник за свечени прилики, но може да се забележи и тоа дека под свечената наметна носи црвен фустан, што е знак дека таа е највозрасна жена во групата.

До неа е Косара, втората ќерка, а третата жена е Марија, сопругата на Јован Владислав, внукот на цар Самуил. Во групата на мажи можат да се идентификуваат Самуил, кој во 997 се уште не бил прогласен за цар. Над него стои натпис дека токму тој човек е Самуил, што значи дека имаме точен, пишан доказ дека токму тој е Самуил. До него на минијатурата е неговиот син Гаврило Радомир, брат на Мирослава, кој има бела капа. Од минијатурата може да се види дека има широко лице, долга коса и виолетова наметка. Ако внимателно се анализираат неговите црти на лицето, може да се  види дека личи на својата мајка Агата.

Постои и уште една минијатура на која може да се идентификува цар Самуил. Станува збор за минијатура на која е илустриран настан од 1003-та година кога цар Самуил бил поразен кај Скопје од византиската војска. На минијатурата може да се препознае скопската тврдина, односно Калето. Сепак, основната минијатура за идентификација на цар Самуил и неговото семејство е минијатурата од венчавката на Мирослава. Според таа минијатура за првпат можеше да се идентификува семејството на Самуил, па сега со голема сигурност може да се каже дека знаеме како навистина изгледал Самуил. Фактот дека минијатурите се од времето кога можеле да постојат цртежи од царот, но и луѓе кои уште биле живи, кои го имале видено и можеле да го опишат, само ја зголемува автентичноста на вистинскиот визуелен опис на Самуил“, смета проф. д-р Милан Бошкоски.

Венчална церемонија под раководство на архиепископот Филип, поглавар на Самуиловата црква!?

Според историските документи може да се утврди дека Самуил и Агата стапиле во брак меѓу 972 и 975 година а првото нивно дете дошло на свет пред востанието против Византија во 976-та година. Станува збор за единствениот син Гаврило Радиомир. Освен него, Агата и Самуил имале уште четири ќерки, а од нив познати се само имињата на постарата Мирослава, омажена 997-та година за Ашот Таронит, и помладата Косара, подоцна со монашко име Теодора, која во 999 година била омажена за зетскиот кнез Јован Владимир.  Двете други ќерки, чии имиња досега не се познати, веројатно биле постари од Косара и Мирослава. Двете постари ќерки, без имиња, се спомнуваат во 1018 година, кога пристигнале со триумфалната поворка на византискиот цар Василиј Втори во Цариград. Значи биле заробени и однесени во престолнината на Византија.

„Свршувачката на Мирослава, една од четирите ќерки на Самуил со високиот претставник на визанстиската власт Ашот, кој поминал неколку години во затвор во Самуиловата држава, оставила силен белег во византиската меморија, па затоа овој настан се нашол дури и во илустрираната историја на Јован Скилица, позната како Мадридски ракопис (Мадридски затоа што се чува во главниот град на Шпанија), односно на минијатурата позната како венчална свеченост на која Самуил ја венчава својата ќерка за заробениот Ашот, син на Григориј Таронит. На минијатурата Мирослава е претставена во долга руса коса покриена со бела шамија, во црвен фустан а на вратот носи ѓердан, чии детали тешко се распознаваат. Ашот е претставен со кратка коса и брада, и носи виолетова наметка. Младоженците се со благо наведнатите глави прекриени со црвено платно, со што е претставен моментот кога првосвештеникот треба да им ги стави венчалкните круни. Над нивните глави пишува дека станува збор за венчавање. Првосвештеникот што ги венчава најверојатно е поглаварот на Самуиловата црква, архиепископот Филип. Тој носи темноцрвен стихар и фелон, а во десната рака му се забележува светло-виолетов амфор, но нема други архиерејски обележја. Во рацете држи две венчални круни. Зад него стои ѓакон со евангелие во раката, облечен во розов стихар. Во двете групи кои се притставени на церемонијата се најблиските роднини на Мирослава од женска и од машка страна.“

Крунисувањето на Самуил

Во истражувањетао на д-р Бошковски, кој со години ги проучуваше достапните документи од тоа време за да ги идентификува ликовите од минијатурите,  со сигурност може да се потврди дека свеченото крунисување на Самуил за цар, во присуство на папски легати, преспанско-охридскиот патријарх Филип, високото свештенство, царското семејство, македонски благородници, меѓународни претставници од унгарскиот кралски двор и зетскиот кнежевски двор, се извршило во Охрид, во новата соборна црква „Света Софија“, пандан на истоимената црква во Константинопол. Свечениот чин е извршен на Велигден 1001-та година. Поради фактот дека церемонијата бара крунисувањето да го изврши патријарх, можно е пред свеченото крунисување на Самуил, охридскиот архиепископ Филип, во присуство на папските легати, претходно да бил хиротонисан во патријарх, па потоа тој да го извршил свеченото крунисување на Самуил.

„Во прилог на ова одат податоците дека воинствениот византиски цар Василиј Втори одеднаш, таа година, ја напуштил традиционалната проримска политика и ги заострил односот со римските папи поради нивното мешање во сферите на влијание. На таков заклучок меѓу другото упатува констатацијата на Острогорски дека во времето на патријархот Сергеј (999-1019), името на папата било избришано од диптихот на Цариградската црква а веќе во 1024-та година биле водени преговори за мирно разграничување на сферите на влијание, со настојување Цариградската црква да добие „универзалност во својата сфера“. Како и да е, со признавањето на царската титула на Самуил од страна на папата Силвестер Втори, во 1001-та година, практично се формирале три империи: Византиската империја, Светото Римско царство и Македонското царство на Самуил. Веднаш потоа почнуваат жестоките напади на Византија за уништување на Самуиловото царство. Смртта на Самуил по битката на Беласица е претставена во минијатура на словенскиот превод на илустрираната хроника на Констатнтин Манасиј, попознат како Манасиев летопис од 14-ти век. Сигнатурата на минијатурата упатува дека Самуил, откако ги видел ослепените војници, веднаш умрел од мака. На преден план е претставена кула на тврдина, а пред неа висок дворјанин кој ги прима и утешува ослепените војници. Војниците се во сина облека и црвени капи на главата. Од спротивната страна е претставена помала четириаголна кула со пирамида на врвот. Пред неа е претставен Василиј Втори како седи на трон и издава наредба  да се војниците да се ослепат и да се испратат кај Самуил. Меѓу двете кули се гледаат планини кои го симболизираат просторот од Беласица до Прилеп. Според  историските  податоци, пак, Василиј веста за смртта на Самуил ја примил на 24 октомври 1014-та година во Мосинипол, кога новиот македонски владетел царот Гаврил Радомир веќе го презел управувањето со царството.

The post ТЕШКО ДЕКА САМУИЛ БИЛ ВИСОК САМО 155 САНТИМЕТРИ Толкава е висината на мажот чии коски се откопани на островот Ахил appeared first on plusinfo.mk.

ДАЛИ САМУИЛ И САМУИЛОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (3) Македонија е колепка на Самуиловата држава!
Со оглед дека епитафот без сомнение претставува директна потврда дека Василиј II сакал вечно да биде запаметен како победник над Скитите – непријателите од Самуиловата држава – како следно прашање, кое досега не е поставено од истражувачите, се поставува дали императорот бил познат со ваква апелација за време на неговото владеење.

Не би можело да се најде подобар податок од некој што бил митрополит, дипломат и писател, а уште повеќе кој директно му пишувал на Василиј II. Сето тоа го имаме кај Лав, митрополитот од Синада, кој во писмото адресирано директно до Василиј II од почетокот на 996 година, меѓу другото, наведува: „Императорот беше најголемиот од нив, императорот кој се враќаше од блескавата и неспоредлива победа; кој недостасуваше и по кого се копнееше, бидејќи долго време тој работеше во неволја за да ја обезбеди целосната победа; кој поради неговото достигнување беше брилијантен и славен и не ја презираше апелацијата ’Скитикус’ (Σκυθικος)… Не поштедувајте ниту еден Скит (Σκύθην), дури ни малото момче што мајка му го носи во својата утроба, туку разурнете ги и уништете ги сите заедно…“

Што вели епитафот на епитафот на Василиј II?

Официјалната кореспонденција, адресирана лично до императорот, јасно покажува дека Лав од Синада го ословувал Василиј II со апелативот „Скитикус“ поради неговите победи против „Скитите“. Ваквата официјална кореспонденција сосема јасно покажува дека Василиј II кон крајот на 10 век веќе бил познат со апелацијата „Скитикус“, што произлегла од неговите победи над Самуиловата војска. Тоа недвосмислено се потврдува и од епитафот на Василиј II, кој сакал да биде запаметен токму како победник над Скитите во вечноста.

Ваквото поимање се рефлектира и во делата на Михаил Псел, кој бил роден во Константинопол истата година кога Василиј II ја освоил Самуиловата држава. Во првото поглавје од неговата Хронографија посветена на владеењето на Василиј II, веројатно напишана во почетокот на 1060-тите, Псел го употребил терминот „Скити“ за да упати на големите победи на Василиј против непријателите. Тој го претставил Василиј II како ги истребува „варварите и целосно ги потчинува“, наполнувајќи ја императорската благајна од богатствата на „Иберијците и Арапите, како и на Келтите и сè што беше пронајдено во земјите на Скитите; и накратко да се каже, богатството на околните варвари“.

За Псел немало сомневање дека Василиј II војувал со „Скитите“, односно со Самуиловата држава. Тоа се потврдува и од Епитафот на Еирена Пегонитиса, сопругата на цезарот Јован Дука, каде што Псел ја спомнува војната на „Василиј Македонецот“ со „водачот на Скитите Арон“. Комплексниот термин „скитска автономија“, содржан во ораторството на Псел за императорот Константин IX Мономах (1042 – 1055), исто така мошне веројатно се однесува на територијата на некогашната Самуилова држава.

Зошто Василиј бил нарекуван „Скитикус“?

Дека Псел бил доследен во употребата на терминот „Скити“ како ознака за непријателите на Василиј II што доаѓале од Самуиловата држава се потврдува од неговото дело Historia Syntomos, кое било составено како своевиден брифинг за идниот император: „Животот на Василиј се состоел во екипирање на војските, брзање кон источната граница, планирање на неговите напади на противниците, утврдување на упориштата, изградба на ѕидини кај градовите, уништување на непријателот и потоа повторно јуришање на Западот, уништувањето на Скитите…“.

Евидентно, Псел сосема прецизно ја акцентирал терминолошката дистинкција за периодот на егзистирањето на Самуиловата држава, од административната што постоела во негово време, доследно означувајќи ги некогашните непријатели како „Скити“ или „варвари“. Тоа евидентно кореспондирало и со официјалната апелација на Василиј II, која произлегла од воените победи над непријателите од Самуиловата држава, кои биле означувани од современиците на Самуил како „Скити“.

Општо земено, анализата на византиските извори открива дека вистинската апелација на Василиј II била „Скитикус“ – победник над Скитите, која се користела во официјалната кореспонденција во времето на неговото владеење. Овој назив соодветствувал со именувањето на непријателите во Самуиловата држава, како и со епитафот на Василиј II, во согласност со кој тој сакал да биде запаметен како победник над Скитите. Иако ова требало да биде неговата вечна апелација, Василиј II сепак подоцна станал познат со конструираниот епитет „Бугароубиец“, кој му бил придодаден кон крајот на 12 век.

Новата „ѕвезда“ на „македонската земја“

Самуил не го црпел легитимитетот за својата царска титула, ниту претендирал да се поврзе со државните традиции од поранешното бугарско царство, кое не постоело од 971 г. Оттука, Самуил не чекал синот на бугарскиот цар Петар, кастрираниот Роман, да умре за да се прогласи за цар, како што сметал арапскиот историчар Јахја, кој пишувајќи од географска и хронолошка дистанца, погрешно ги протолкувал вистинските ликови и протагонисти во војната. Ваквиот заклучок се потврдува од наративот на Јован Скилица, кој целосно ја игнорирал секоја поврзаност на Самуил со судбината на Роман, забележувајќи дека тој станал единствен владетел откако го убил својот брат Арон.

Самуил, како еден од комитопулите, бил сметан од Василиј II и византиските современици за основач на новата држава и црква, која, според нивното поимање илегално се формирала во југозападна Македонија. Сведоштвата на Лав Ѓакон, Јован Геометар и Стефан Таронски недвосмислено упатуваат дека примарната агенда на Самуил иницијално ја опфаќала Македонија, која станала јадро на Самуиловата држава и црква. Индикативно, Лав Ѓакон и Јован Геометар, кои биле сведоци на подемот на Самуиловата држава, ја демонстрирале сериозната опасност за Ромеите, иако не го споменувале воопшто името на Самуил, ниту ја именувале државата.

Лав потенцирал дека новите непријатели „ја вознемируваа римската територија и безмилосно ја ограбуваа земјата на Македонците“. Јован Геометар демонстрирал дека „македонската земја го покажа сјајот на новоиздигнатата ѕвезда“ – онаа на Комитопулот – чијашто „скитска“ војска го запалила западот и се движела низ неа како „да е нивна сопствена татковина“. На овој начин Лав и Геометар всушност посочиле дека ромејската сопственост на „македонската земја“ била загрозена со формирањето на Самуиловата држава.

„Земјата на Македонците“ која според нивното поимање им припаѓала на Ромеите и била репрезентирана од императорите од македонската династија на тронот во Константинопол, била загрозена од новата ѕвезда во подем – Самуил Комитопулот, кој евидентно претендирал да ја преземе целата „македонска земја“.

Дали тоа може да значи дека Самуиловите воени успеси биле сметани како закана за самиот императорски престол во Константинопол? Тоа секако би можело да биде една од причините за тенденциозното прикривање на царската титула на Самуил од византиските автори, што би ja објаснило и причината зашто Василиј II толку внимателно ги конструирал сигилиите за Самуиловата црква-Охридската архиепископија и се одлучил целосно да ја промени терминологијата при исцртувањето на новата карта на Балканот по 1018 г., а која ја опфатила и „македонската земја“ како дотогашно јадро на Самуиловата држава.

Охрид и Преспа – фундаментот на Самуиловата идеолошка програма

Тоа нѐ води кон заклучокот дека Самуиловата држава била формирана во период на постојан конфликт и сложени односи на моќ, иницијално со заедничките активности на комитопулите против Бугарското Царство, кои продолжиле преку самостојната борба на Самуил и неговите наследници против Василиј II. Јован Скилица го оценува чинот на формирање на државата како „отпадништво“ од Византија, што имплицира дека Самуиловата држава и црква егзистирале сосема независно и без благослов од Константинопол.

Самуил бил задоволен од својата независна позиција воспоставена во неговото државно јадро во Преспа и Охрид и со стекнатата доминација над огромната територија на Балканот, и едноставно ѝ пркосел на Византија, прогласувајќи се за цар.

Ваквата констатација може да ја објасни и Самуиловата тенденција за „увезување“ на христијанските култови од освоените територии на крајниот југ (Св. Ахил од Лариса) и далечниот запад (Св. Трифун од Котор), наедно иницирајќи ја изградбата на црковниот комплекс Свети Леонтиј кај Водоча (близу Струмица) на истокот. Ништо не сугерира ниту се споменува дека Самуил кога било се стремел да ги увезе политичките или религиските елементи од главните градови на поранешното Бугарско царство, кое во тоа време не постоело.

Огромната катедрала што ја изградил Самуил во Преспа и големата базилика, изградена или обновена во Охрид, укажуваат на тоа каде треба да се бара политичкото и црковно јадро на неговата држава. Тоа несомнено го сочинувало фундаментот на Самуиловата независна владејачка и идеолошка програма, врз чија основа тој ги градел државните и црковните традиции. Можеме да замислиме како огромните цркви во Преспа и во Охрид зрачеле со моќна политичка и идеолошка порака меѓу граѓаните и поданиците низ неговото царство, создавајќи непосредна врска со традициите на Св. Климент и Св. Наум. Сето тоа на крајот му обезбедило на Самуил доволно моќ да се прогласи за цар и притоа да демонстрира претензии кон „македонската земја“ и преземање на самиот императорски престол на македонската династија во Константинопол.

Реминисценции на едно ослепување

Погледнато од денешна перспектива, време е да се деконструираат наталожените политички и идеолошки интерпретации и терминолошки конструкти за Самуил, Самуиловата држава и црква. Особено што под превезот на политичкиот договор и билатералните протоколи со Бугарија, Самуил и неговата држава и црква се проектираат во модерната борба за средновековното наследство на Македонија, а преку историска комисија, која го легитимира политичкиот концепт за некаква замислена и измислена „заедничка историја“, се експлоатираат за идентитетско негирање на постоењето на македонскиот народ и на македонската нација.

Проектирањето на историското минато во 21 век за оспорување на современиот идентитет претставува реминисценција на политичкото, идеолошкото и терминолошкото ослепување на Самуиловата држава и црква од страна на византискиот естаблишмент во 11 и 12 век.

(Крај на фељтонот)

(Објавено во Плусинфо на 07.08.2023 година)

The post ДАЛИ САМУИЛ И САМУИЛОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (3) Македонија е колепка на Самуиловата држава! appeared first on plusinfo.mk.

ДАЛИ САМУИЛ И САМУИЛОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (2) Василиј II не бил „Бугароубиец“ кога војувал со Самуиловата држава!
Новите непријатели произлезени од Самуиловата држава биле означувани како „Скити“ и во фиктивниот епитаф на Никифор II Фока, содржан во интерполираниот текст на Јован Скилица, a кој му се припишува на поетот Јован од Мелитина. Епитафот бил составен во 988/989 г. и претставувал форма на класична пропаганда против Василиј II. Во него се повикува мртвиот император Никифор да стане од гробот и да ја поведе војската, бидејќи додека „Русите целосно вооружени ги напаѓаат нашите пристаништа, Скитите се нетрпеливи да вршат колежи“. Описот кореспондира со настаните по 985/986 г., кога суровите „Скити“, односно Самуиловата војска, безмилосно ја опустошувале Македонија, за што Јован од Мелитина го критикувал Василиј II.

Самуиловата војска именувана како „скити“ и „варвари“

Самуиловата војска е означена како „варвари“ и во официјалните документи издадени од византискиот император Василиј II, датирани пред ликвидирањето на Самуиловата држава во 1018 г. Во Енкомиумот за Фотиј Тесалиски од 11 век, каде што анонимниот автор го опишува животот на Фотиј, кој бил свештеник во Солун и го придружувал Василиј II во воените походи, непријателите од Самуиловата држава биле означени како „Мизи“ и „варвари“ и на тој начин разликувани од градовите под контрола на Византија, кои биле означени како „македонски“. Истиот контекст се забележува и кај анонимниот автор на Житието на Свети Атанасиј Атонски, веројатно составен во првите децении на XI век, каде што се наведува дека Василиj II „собра војска во Македонија, подготвувајќи се за војна против варварите“.

Сличен историски контекст може да се забележи и во Житието на Св. Фантино, составено од анонимен автор во втората половина на X век. Описот на пророштвото на Фантин, кое било обелоденето за време на посетата на светецот на Лариса, сосема сигурно се однесува на заземањето на градот од Самуиловата војска, кое се случило во 986 г. Притоа, забележливо е дека Самуиловата армија е означена со недефиниран термин „непријатели“, иако анонимниот автор бил сведок на настаните. Тоа не е случај со други две епизоди во кои анонимниот автор упатува на загрозеноста на Солун и околната област од „бугарското племе“, а кои се однесуваат на обновената војна на императорот Никифор II Фока со бугарската држава во периодот 965–966/967 г. Истиот хронолошки контекст најверојатно е содржан и во два документа од архивите на Света Гора.

Гледано во целина, во делата на византиските современици не може да се најде ниту еден податок дека тие ја идентификувале Самуиловата држава со името „Бугарија“, ниту дека Самуиловата војска и поданиците биле означувани како „Бугари“. Напротив, Самуиловата држава воопшто не била именувана, исто како што и идентитетот на Самуил и неговата титула биле тенденциозно замаскирани. Жителите во рамките на Самуиловата држава биле сметани од страна на византиските современици за нови непријатели на Византија, „странски народ“ со „скитски“ карактеристики, и означувани исклучиво со стереотипните термини „Скити“, „Мизи“, „варвари“ или само „непријатели“.

Од крајно скудните сведоштва на западнитe автори што биле современици на Самуиловата држава, како венецискиот хроничар Јован Ѓакон и епископот од Мерсесбург, Титмар, кој ја составил Хрониката околу 1018 г., невозможно е да се реконструира нивната претстава за Самуиловата држава. „Тиранинскиот бунт“ на „извесен Самуил“ (certo Scemuel) против Василиј II, со кој биле опустошени и оставени без жители „границите на Бугарите во Македонија и некои градови во Далмација“, сe споменува во краткиот пасус на анонимниот автор на Легендата за Св. Трифун, која се датира пред 15 век. Меѓутоа, оригиналниот латински ракопис не е зачуван, туку e достапен во верзија на италијански јазик од 1446 г. и публикуван во Венеција во 1561 г., што го прави неможно конкретното утврдување на времето кога оригиналот бил составен, што, наедно, ја прави извесна подоцнежната терминолошка интерполација на преведувачот.

Административниот термин „Бугарија“ бил измислица на Василиј II

Општо земено, текстуалната изворна анализа покажува дека Самуиловите современици воопшто не ја идентификувале Самуиловата држава со терминот „Бугарија“, никаде не навеле дека таа била продолжение на Бугарското Царство и дека поданиците биле „Бугари“, ниту дека Самуил претендирал на бугарските царски традиции за да обезбеди легитимитет на државата и на царската титула.

Ваквата интерпретација е, всушност, подоцнежен конструкт и продукт на модерната имагинација, која ја следи идејата на Василиј II за врамување на Самуиловата држава и црква во идеолошки конструираниот фиктивен континуитет на византиската супремација. Имено, по потчинувањето на Самуиловата држава и обновувањето на голем дел од Балканот во 1018 г., Василиј II ги прекроил концептуалните граници на империјата, што, пак, изискувало воведување на нова терминологија за маркирање на повторно освоените територии. Тоа резултирало со целосна терминолошка дисторзија на освоените територии на Балканот.

Со оглед дека естаблишментот во Константинопол не само што не ја признавал Самуиловата држава, туку ја третирал како илегално произлезена од територијата на Византија, за означување на рекомпонираните граници бил воведен нов административен и црковен термин „Бугарија“. Тоа не била терминологија со која бил означуван етничкиот идентитет, туку административен маркер за концептуално маркирање на земјата под власт на Ромеите. Во прилог на овој аргумент зборува и сигилијата на Василиј II за Охридската архиепископија, која открива дека со користење на новата терминологија, императорот настојувал идеолошки да ги врами новостекнатите територии на поранешното Бугарско Царство (ликвидирано од Јован Цимиски во 971 година) и дотогашната Самуилова држава (ликвидирана од Василиј II во 1018 г.).

Во согласност со реториката на Василиј, тој со интегрирањето на териториите под ромејска власт идеолошки „ги споил во едно поделените делови и ги ставил под еден јарем границите, без да ги прекрши на некаков начин правилата добро воспоставени од оние што владееле пред нас“. Тој, всушност, ги измешал и ги споил териториите на некогашните држави, воспоставувајќи со тоа нов поредок. Терминолошките ознаки „Бугарија/Бугари“ произлезени од новата административно-црковна организација воспоставена од Василиј II по 1018 г. немале етничко значење.

Меѓутоа, новите административни имиња влијаеле кај византиските автори од крајот на 11 век да започнат да ги користат како проектирани термини при нивната нарација за Самуил и за Самуиловата држава – независно што во време на егзистирањето на Самуиловата држава овие термини не биле употребувани. Ваквата проектирана терминологија произлезена од административното рекомпонирање на Василиј, подредена на византиската политичка и идеолошка пропаганда, започнала посредно да се пренесува и надвор од границите на Византија, на Западот и на Истокот.

Самуиловата држава за време на нејзиното формирање во 969 г. и егзистирање до 1018 г. не била идентификувана oд византиските современици како „Бугарија“ ниту нејзините жители како „Бугари“.

Приказната за Битката кај Беласица – преувеличување и пропаганда?

Британскиот професор Пол Стивенсон, во книгата „Тhe Legend of Basil the Bulgar-Slayer“ (Кембриџ, 2003), убедливо покажа дека за време на својот живот Василиј II не бил нарекуван „Бугароубиец“, туку Порфирогенит (роден во пурпур). Стивенсон притоа објаснува дека апелацијата „Бугароубиец“ му била придодадена на Василиј II многу подоцна по неговата смрт – кон крајот на 12 век – како своевиден политичко-идеолошки противодговор на формирањето на новата бугарско-влашка држава.

Интересно е што неоспорните аргументи на Стивенсон во најново време се подложени на критика од страна на некои бугарски истражувачи. Тие главно упатуваат на Житието на Јован Помладиот, кој живеел во 11 век, во кое се наведува дека Василиј II „добил прекар“ поради победите против „Бугарите“. Меѓутоа, познато е дека автор на Житието на Јован Помладиот бил Теодор Метохит (1270 – 1332), кој всушност го составил овој текст по неговото прогонство во 1328 г. во Дидимотејон, каде што Јован Помладиот некогаш служел како игумен. Поради тоа, Житието не може да се смета како доказ дека Василиј II бил сметан за „Бугароубиец“ во колективната имагинација на „бугарското“ население веднаш по неговата победа над Самуиловата војска кај Беласица во 1014 година, како што се обидуваат да „докажат“ некои бугарски истражувачи.

Уште повеќе, во најново време наративот за победата кај битката кај Беласица и ослепувањето на 14.000 Самуилови заробеници, што Јован Склилица толку славно му ги припишал на Василиј II, од истражувачите главно се интерпретира како преувеличување или, како што смета германскиот византолог Петар Шрајнер, дури и измислица за целите на византиската идеолошка пропаганда.

Називот „Бугароубиец“ несомнено бил конструкција на византискиот естаблишмент во 80-тите години од 12 век, кога за првпат во изворите се среќава оваа апелација што му била додадена на Василиј II. Преку тоа Византија всушност одговорила на појавата на новата влашко-бугарска држава на просторот меѓу планината Хемус и долниот дел на реката Дунав во 1186 година, под водство на браќата Петар и Асен. Притоа, индикативно е што византиските автори од тоа време не го асоцирале Василиј II со неговиот вистински опонент Самуил, туку го повикувале неговиот дух во воениот судир со новите непријатели – Власите и Бугарите. Оттаму произлегла и новата апелација за Василиј II, која била продукт на новата констелација со појавата на политичкиот субјект на Бугарите и Власите.

И Калојан ја шири пропагандата за Самуил „Бугароубиецот“

Интересно е што конструираната византиска апелација „Бугароубиец“ за Василиј II била погодно искористена за територијалните аспирации на бугарскиот владетел Јоаница Калојан, кој, според Георги Акрополит (13 век), тврдел дека ги поробил местата и градовите како акт на „одмазда за злоделата што императорот Василиј ги сторил против Бугарите“. Во тој контекст, Калојан велел дека „бидејќи тој човек бил наречен ‘Бугароубиец’, самиот се нарекол ‘Ромеоубиец’“. Инверзијата на Калојан при упатувањето на злоделата на Василиј „Бугароубиецот“ претставува јасен показател за неговата тенденција да манипулира со подоцнежната византиска конструирана апелација за Василиј II од крајот на 12 век, експлоатирајќи ја за креирање фиктивен континуитет на царските традиции во функција на реализирање на сопственaтa агенда за освојување на византиските територии.

Византискиот конструиран карактер на апелацијата „Бугароубиец“ нè враќа кон изворните сведоштва од времето на Василиј II, кога императорот се соочувал со вистинските непријатели што доаѓале од Самуиловата држава, а не со подоцна терминолошки конструираните и проектираните. Тоа води кон прашањето дали може да се утврди која била вистинската апелација за Василиј II, односно дали покрај Порфирогенит, Василиј II бил познат и со друга апелација, произлезена од победите над Самуиловата држава. За среќа, го имаме епитафот на Василиј II, кој во стихови ги содржи победите на императорот:

„Императорите oд дамнина

си доделиле себеси различни погребни места:

некои овде, други

таму; но јас, Василиј роден во пурпур,

го подигнав мојот гроб во областа Хебдомон.

Тука почивам, на седмиот ден, од многубројните страдања

Поднесував и издржував на бојното поле,

зашто од денот кога небесниот Цар ме повика

да станам император, голем господар на светот,

никој не го виде моето копје да лежи неактивно.

Останав буден во текот на мојот живот

и ги заштитив децата на Новиот Рим,

храбро водејќи кампањи и на Запад,

и на позициите на Исток,

подигајќи огромен број трофеи во сите делови на светот.

А сведоци за тоа се Персијците и Скитите,

заедно со Абхазијците, Исмаилитите,

Арапите и Иверците.

О човеку, гледајќи го сега мојот гроб овде,

награди ме за моите походи со своите молитви“.

(Продолжува)

(Објавено во Плусинфо на 04.08.2023 година)

The post ДАЛИ САМУИЛ И САМУИЛОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (2) Василиј II не бил „Бугароубиец“ кога војувал со Самуиловата држава! appeared first on plusinfo.mk.

ПЕШТЕРСКИ ПАТРИОТИЗАМ • ОСТРИ КРИТИКИ ОД БУГАРСКИОТ ИСТОРИЧАР БЛАГОЕВ Цар Самоил нема да им прости на Бугарите за селењето на коските
Во Бугарија има поделени реакции – од еуфорија до критики, по договорот Атина да ѝ ги даде на Софија останките на цар Самоил, во замена за реликвии кои од грчки манастири биле однесени во Бугарија за време на Првата и втората светска војна.

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, одговарајќи на новинарско прашање, го поздрави враќањето на останките на цар Самоил во Бугарија, но рече дека сака да знае што ќе даде Софија во замена.

-Им честитам ако можат да ги донесат, но сепак сакам да знам што ќе дадеме ние. А токму тоа никој не го знае. Може да не е поволно за Бугарија. Нека ја објасни одлуката тој што ја донел – рече Борисов.

Тој потсети дека самиот преговарал за тоа уште во времето кога Костас Караманлис бил премиер, потоа со Андонис Самарас, со Алексис Ципрас и со Киријакос Мицотакис, но секогаш клучното прашање било: што ќе се размени? Бугарски историчари и експерти му укажувале дека тоа што се предлага за размена „не е поволно за Бугарија” и затоа тогаш не била донесена политичка одлука. Од тие причини, во време на неговиот прв кабинет била формирана комисија за да ги процени можните опции.

Горан Благоев, бугарски историчар и автор на документарниот филм „Островот на цар Самоил“ вели дека не може некритично да ја сподели сенародната еуфорија ниту вистински да се радува на одлуката.

„На почетокот, едно појаснување: Грција не ни ги враќа, туку ни ги ДАВА!“, пишува тој на Фејсбук.

„Вообичаено, се разнесуваат мошти на светците. Коските на покојниците, без разлика дали тие биле и владетели, почиваат на местото каде што биле погребани. Ако сегашната бугарска политичка елита се грижи за историската вистина, требало да инсистира коските на цар Самоил да бидат повторно погребани во црквата „Свети Ахил“, пишува Благоев.

Тој наведува дека вредностите што Софија треба да ги даде на Атина не биле украдени од страна на Бугарија за време на Првата светска војна, туку биле бугарски, спасени и однесени на сигурно место – во Софија.

„Не сме го краделе туѓото, туку сме го спасиле своето“, потенцира тој.

Според Благоев, за препогребување на коските на цар Самоил – таму каде што се најдени – требало да настојуваат и бугарските политичари и научниците кои ги советуваат, а во спротивното препознава политичка конјуктура.

„Но првосигналниот патриотизам, чија цел очигледно е донесувањето на коските да го претвориме во предизборна иницијатива за поддршка на Јотова и во политички акт за да им истриеме носовите на северно-македонците, тој првосигнален и пештерски патриотизам ќе ни донесе лавина од проблеми“, наведува Благоев.

Притоа посочува какви проблеми ќе предизвика преседанот со „реципроцитетот“ во размената на вредности.

„На истиот начин сме дејствувале и во Вардарска Македонија и во западните покраини. И токму тука лежи големата опасност (…) Во Скопје и во Белград исто ќе побараат – врз основа на веќе создадениот преседан, да им вратиме вредности што се земени од нивна територија, но всушност се со бугарско потекло. Што ќе прават тогаш Радев и Јотова. За што ќе ги заменат?“, прашува Благоев.

Јавно го прашува тој политички тандем, дали вреди да ги жртвуваат вредностите заради коските на цар Самоил – кои, макар и чувани во Византискиот музеј во Солун – досега биле недвосмислена потврда дека неговото кралство се протегало сè до Северна Грција.

„Дали иницијаторите на оваа политичка трговија сфаќаат каков цинизам создаваат – останките на владетелот, кој 40 години го бранел бугарскиот суверенитет од Византија, денес неговите потомци ги тргуваат со наследниците на истата таа империја. Мислам дека самиот Самоил нема да ни прости за ова“, оценува Благоев.

The post ПЕШТЕРСКИ ПАТРИОТИЗАМ • ОСТРИ КРИТИКИ ОД БУГАРСКИОТ ИСТОРИЧАР БЛАГОЕВ Цар Самоил нема да им прости на Бугарите за селењето на коските appeared first on plusinfo.mk.

ДАЛИ САМУИЛ И САМУИЛОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (1) Комитопулот на македонска земја!
Oсврнувајќи се на 1.009-годишнината од легендарниот балкански судир помеѓу Самуил и Василиј Втори кај Беласица и реактуализирањето во македонско-бугарските политички односи, неминовно се наметнува прашањето за терминологијата што ја користеле византиските автори од 10 и 11 век, односно како истата таа била обликувана во согласност со тогашната идеологија и понатаму манипулирана за моменталните цели на политичката пропаганда. Критичката анализа на политичко-идеолошкиот контекст при користењето на конструираната терминологија овозможува да се открие како биле идентификувани Самуил и Самуиловата држава од византиските современици и како бил нарекуван Василиј изживуватори за време на неговото владеење.

Самуил на бил „бугарски“ цар, а Самуиловата држава на била „бугарска“

Инсистирањето на бугарскиот карактер на Самуиловата држава, и тоа врз основа на личната перцепција на Самуил со наводни претензии за продолжување на бугарските државни и царски традиции, е историографски проблематично од аспект на критичката методологија и отвора повеќе истражувачки прашања:

1) Дали воопшто постои изворен податок што би посведочил дека Самуил кога било ја нарекувал својата држава „Бугарија“, а своите поданици „Бугари“?

2) Дали може да се најде изворно сведоштво дека византиските автори што биле современици на Самуил ја именувале државата како „Бугарија“ и го идентификувале населението како „Бугари“?

3) Дали навистина цар Самуил кога било се стремел да го продолжи Бугарското царство?

4) Дали Самуил воопшто претендирал на бугарските државни и црковни традиции и се повикувал на нив за да ги легитимира својата држава и црква?

Овие комплексни прашања ја синтетизираат севкупната историографска интерпретација за Самуиловата држава. Нивниот одговор, заснован на критичка изворна анализа, открива поинаква перспектива од стереотипната интерпретација конструирана по ликвидирањето на Самуиловата држава и рециклирана во 19 и 20 век, а особено експлоатирана последните години од аспект на современите политички агенди на Бугарија во однос на Република Македонија и идентитетот на македонскиот народ.

Колку денес некој да претендира да докажува дека Самуил ја идентификувал својата држава како „Бугарија“, а поданиците како „Бугари“ – за ваквото тврдење едноставно нема изворна поткрепа. Не постои ниту еден изворен податок што ќе посведочи како Самуил ја нарекувал својата држава или, пак, жителите што биле опфатени во рамките на границите на Самуиловата држава.

Новото читање на Битолската плоча ја открива вистината

Натписот од селото Герман кај Преспа, кој му се припишува на Самуил, независно од реалните сомневања околу веродостојноста поради околностите на пронаоѓањето во екот на пропагандите во Македонија кон крајот на 19 век, не содржи каква било идентификациска ознака, освен името на Самуил и на неговото потесно семејство, како и христијанската определба.

Сериозна резервираност постои и за т.н. Битолски натпис, откриен во 50-тите години од 20 век. Натписот е оштетен, составен во минато време и ја содржи титулата „автократор“, што покрај истакнувањето на етничката самоидентификација несвојствена за 11 век, како и неможноста да се утврди годината на настанување, предизвикува сомневање дека натписот бил навистина создаден од царот Јован Владислав, или, што е многу поверојатно, датира од подоцнежно време.

Археолозите Георгиос Веленис и Елена Костиќ, во најново време, во рефератот презентиран на Византолошкиот конгрес во Белград (2016 г.), убедливо покажаа дека Битолската плоча била дел од постар објект од римско време и дека натписот настанал во 1202/3 г., за време на Калојан. Тоа кореспондира со тенденцијата на Калојан, кој се нарекувал „цар на Бугарите и Власите“, да ја оправда својата царска титула, конструирајќи фиктивен континуитет со државните традиции од некогашните владетелски династии на Симеон, Петар, на кои го додал и Самуил, притоа измислувајќи дека сите овие цареви биле крунисани од Римското Папство.

Значителната оштетеност на натписот го сведува читањето на Битолскиот натпис на модерна имагинација и конструирана субјективна историска контекстуализација. Неговото подоцнежно настанување не може воопшто да се користи како „доказ“ за припишување на некаква „бугарска“ етничка припадност на Јован Владислав, Самуил или Гаврило Радомир, ниту на жителите на Самуиловата држава. Меѓутоа, наспроти тоа, натписот во континуитет шеесетина години се користи од Бугарија за фиктивно проектирање на етничкиот карактер на жителите од средновековна Самуилова во современа Македонија.

Од каде потекнува митот за ерменското потекло на Самуил?

Во отсуство на конкретно и веродостојно изворно сведоштво однатре, терминолошкото идентификување на Самуил и на Самуиловата држава се сведува на перспективата однадвор, односно на поимањето на „другите“, кои преку употребата на терминологијата ја правеле и сопствената диференцијација, одразувајќи го политичкиот и идеолошки концепт на своето време.

Ваквата состојба ја наметнува потребата од критичко препрочитување на изворите, ослободени од напластените идеолошки конструкти и субјективни историографски интерпретации.

Во таа смисла, се занемарува евидентниот факт дека византиските автори, кои биле современици на Самуил, воопшто и не ja именувале Самуиловата држава, ниту пак самиот Самуил. Наместо тоа, византиските современици користеле класична стереотипна терминологија за означување на непријателите на Византија олицетворени во Самуиловата држава. Самуиловото име и титула биле целосно игнорирани, односно замаскирани со неодредениот назив „Комитопул“ – „Комет[опул]“. Единствениот современик што го навел името Sāmuel со кое го идентификувал постариот од двајцата браќа Комитопули („Komsajagk“ – калк од грчкиот Κομητόπουλοι) бил Стефан Таронски, познат и како Асолик. Меѓутоа, пишувајќи од далечната Ерменија, Стефан Таронски очигледно не разбрал кои биле вистинските протагонисти во војната на Василиј Втори, подредувајќи го својот наратив на националистичката перспектива за припишување на ерменското етничко потекло на Самуил и неговиот брат, како и на аристократијата и на трупите инволвирани во војната.

Византискиот автор Лав Ѓакон, како непосреден сведок на настаните и директен учесник во воените кампањи на Василиј Втори против Самуил во 80-тите години од 10 век, го употребувал терминот „Мизи“ за идентификација на непријателите асоцирани со Самуиловата држава. Тој ги карактеризирал „Мизите“ како „арогантен и суров народ, коj издишувал убиства“ и ја опустошувал „земјата на Македонците“. Лав Ѓакон го користел и генеричното име „Скити“, со кое реторички ја изразувал опасноста самиот да стане жртва на „скитскиот меч“ по паничното повлекување на византиска војска по поразот кај Трајановата порта во 986 г. Покрај очигледниот факт дека Лав не го користел терминот „Бугари“ за означување на непријателите од Самуиловата држава, постојат и концептуални разлики во карактеризирањето на непријателите во лицето на бугарската држава со кои своевремено војувал императорот Јован Цимиски, поразувајќи ги во 971 г.

Византиските автори велат дека Самуил претендирал на „македонска земја“

Oд перспектива на византиската политичка идеологија, 971 година несомнено била маркирана како триумфална, кога Бугарите дефинитивно биле потчинети, а ликвидираната бугарска држава и црква инкорпорирани во Империјата. Тоа го констатирал и константинополскиот патријарх Антониј Студит (974–979), нагласувајќи дека во 971 г. „вообразениот бугарски народ, кој ги отфрли уздите на римското владеење, повторно ја спушти главата под ромејскиот јарем и научи да служи наместо да владее“. Сè што се случило по 971 г. било сметано за нелегитимно посегнување на географската сопственост на Византија, бидејќи Бугарија повеќе не постоела, ниту како држава ниту како црква.

Во таа смисла, Лав Ѓакон правел диференцијација со новите непријатели од Самуиловата држава како „Мизи“, со кои тој лично се соочил, кои за него биле „странски народ“ со „скитски“ карактеристики и ја освојувале „земјата на Македонците“. На тој начин, византиските автори ја демонстрирале географската сопственост, која била загрозена од Самуил, бидејќи тој исто така претендирал на „македонската земја“.

Тоа недвосмислено го констатирал Јован Геометар, еден од водечките византиски ретори во втората половина на 10 век. Геометар пишува за Самуиловата држава како за непријателска „скитска војска“, која слободно се движела на западот како на „своја татковина“, кога „скитскиот оган“ ја опустошувал „македонската земја“, а „мизиските стрели“ (Самуиловата војска) ги надвладувале „авсониските копја“ (ромејската војска). Во поемата „За Комитопулот“, Геометар директно упатил на Самуил, користејќи го вештиот поетски израз без да го наведе неговото име:

„Комета (Κομίτης) го потпалуваше небото,

а комит (κομήτης) го осветлуваше западот (…)

се јави овој со залезот на Никифор,

овој страшен тифон меѓу злосторниците“.

Геометар евидентно избегнал да го открие идентитетот на Самуил, умешно користејќи ја симболичната игра на зборови комит – комета, што, покрај наведувањето на императорот Никифор Фока, му послужило како хронолошка одредница за појавата и подемот на страшниот непријателски лидер – Комитопулот. Етнонимот „Бугари“ и топонимот „Бугарија“, кои се среќаваат во поемите на Геометар, се однесуваат на војната на Византија со бугарската држава во 970 г., а не на воената загрозеност од Самуил Комитопулот и неговата држава.

(Продолжува)

(Објавено во Плусинфо на 03.08.2023 година)

The post ДАЛИ САМУИЛ И САМУИЛОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (1) Комитопулот на македонска земја! appeared first on plusinfo.mk.

Самоил, „заедничката историја“ и просторот што ѝ беше оставен на Софија
Настанот со пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самоил во Софија повторно отвора едно многу посериозно прашање за Македонија: што всушност значи „заедничка историја“ и кој има право да го определува нејзиното политичко значење? Особено затоа што денешната бугарска реторика оди многу подалеку од формулата што беше прифатена во Заедничката македонско-бугарска историска комисија.

Во официјалната препорака на Комисијата стои дека „цар Самоил е владетел на голема средновековна држава, којашто поголемиот дел од современата историска наука ја смета за Бугарско царство со центар во територијата на денешна Република Северна Македонија“. Во истиот документ се наведува и дека „цар Самоил и неговата драматична судбина се симбол на заедничката историја“, која ја споделуваат двете современи држави Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Токму оваа формула денес покажува колку може да биде политички чувствителна. Бугарската држава сега не зборува за Самоил првенствено како за „симбол на заедничката историја“, туку официјално го претставува како „бугарскиот цар Самуил“ чии останки се „враќаат во неговата татковина“. Во истото официјално соопштение Самоил е именуван и како „големиот бугарски владетел“.

Оттука неизбежно се поставува прашањето: дали Заедничката комисија, а особено македонскиот дел од неа, со прифатената формулација оставила премногу широк простор за ваква еднострана политичка интерпретација? Се разбира дека комисијата, не го договорила пренесувањето на останките во Софија и нема доказ дека учествувала во преговорите меѓу Грција и Бугарија.

И затоа нејзината одговорност не треба да се бара таму. Таа треба да се бара во формулацијата што ја прифатила и во политичките последици што таквата формулација можела да ги произведе и кои денес веќе се видливи.

Со прифаќањето на определбата дека државата на Самоил „поголемиот дел од современата историска наука ја смета за Бугарско царство“, македонските членови на Комисијата се согласиле со формулација која денес Софија може многу лесно да ја претвори во едноставна политичка порака: „Самоил бил бугарски цар, па оттука и Бугарија е неговата татковина“. Според мое лично мислење ова е политичката интерпретација што денес ја произведува и пропагира официјална Софија, а не формулација на Комисијата во нејзината целина.

Проблемот е токму во тоа што истиот договорен текст содржи и нешто друго: дека Самоил е „симбол на заедничката историја“ и дека центарот на неговата држава бил на територијата на денешна Република Северна Македонија. Токму затоа денес мора да се праша: каде исчезна тој дел од договореното?

Ако Самоил е навистина дел од „заедничката историја“, тогаш тој принцип не може да важи само кога Македонија треба да прифати чувствителна историска формулација, а да престане да важи кога Бугарија го претставува Самоил пред сопствената и меѓународната јавност.

Во спротивно се создава очигледна асиметрија: кога од Македонија се бара компромис, цар Самоил е „заедничка историја“; кога Бугарија го претставува пред светот Самоил е „бугарски цар кој се враќа дома“.

Токму оваа асиметрија го отвора и прашањето за одговорноста на македонскиот дел од Комисијата. Не како правна вина и директна одговорност за денешниот договор меѓу Софија и Атина туку како прашање дали, при прифаќањето на ваквата формулација, доволно биле предвидени нејзините можни идни политички употреби.

Ова прашање станува уште посериозно ако се има предвид дека Бугарија одамна не ја третира работата на Заедничката комисија само како академско прашање. Во својата Рамковна позиција од 9 октомври 2019 година, бугарската влада изречно побара при одбележувањето на личности и настани за кои е постигната согласност, политичките фигури, државните институции во Северна Македонија и медиумите финансирани од државниот буџет своите официјални изјави да ги засноваат врз текстовите договорени во Комисијата. Во истиот документ се бара постигнатите договори да бидат одразени и во учебните програми, историските споменици, музеите, книгите, документарните изданија и филмовите финансирани од државата.

Тоа покажува дека Софија уште тогаш ѝ припишувала на Комисијата не само научна, туку и конкретна политичка и јавна функција. Оттука, сосема легитимно е прашањето дали македонските членови на Комисијата, при прифаќањето на толку чувствителни формулации, доволно ја земале предвид и нивната можна идна политичка употреба.

Заедничката комисија, впрочем, не е обичен научен семинар. Таа е тело произлезено од меѓудржавниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка, а нејзините резултати имаат непосредно значење за образованието, официјалните чествувања и за начинот на кој двете држави ја претставуваат историјата. Оттука, секоја договорена реченица има и политичка тежина.

Затоа не е доволно да се каже дека определена формулација била научно прифатлива. Требало да се постави и друго прашање: како оваа формулација може утре да биде употребена од бугарската држава?

Денес дел од одговорот го гледаме. Со ваквата формулација Бугарија доби дополнителен аргумент што може селективно да го вградува во сопствениот државен историски наратив. Истовремено, во сегашната официјална реторика многу помалку се нагласува другиот дел од договорената „заедничката историја“.

Тоа е суштинскиот проблем. Не станува збор само за тоа каде ќе бидат положени останките што му се припишуваат на Самоил. Станува збор за тоа кој ќе го контролира значењето на тој чин.

Во политиката на историската меморија, симболите често се помоќни од фуснотите. Државна церемонија во Софија и пораката дека „бугарскиот цар се враќа во татковината“ многу полесно можат да останат во јавната свест отколку сложената компромисна формула содржана во неколку реченици од документите на Заедничката комисија. Токму затоа овој случај треба да биде повод за сериозна преоценка на нејзината работа.

Не со навреди кон историчарите и не со однапред изречени пресуди, туку со едно многу конкретно прашање: дали македонските членови на Комисијата, прифаќајќи ја формулата за Самоил, доволно го заштитиле македонскиот историски интерес и дали ги предвиделе последиците од формулација што Софија денес може селективно да ја употребува?

И на крајот да резимирам. Комисијата не ги испрати останките во Софија. Но со формулацијата што ја прифати, остави простор Софија денес да го претставува нивното пренесување како дополнителна потврда на сопствениот национален историски наратив.

И токму затоа македонската јавност има право да побара јасен одговор: со какви аргументи и со каква проценка македонските членови на Комисијата ја прифатиле формулацијата која денес ѝ остава на Софија простор селективно да го користи Самоиловото наследство во сопствениот национален историски наратив?

За таквата одлука не е доволно молчење, потребна е јасна политичка и стручна одговорност пред јавноста.

The post Самоил, „заедничката историја“ и просторот што ѝ беше оставен на Софија appeared first on plusinfo.mk.

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ НА БАЛКАНОТ Дали Урсула в петок во Скопје ќе објасни зошто Атина во Софија ќе парадира со „коските на Самоил“?
Грција в сабота, на 3 октомври, свечено ќе ѝ ги предаде на Бугарија човечките останки за кои повеќе од половина век верува дека му припаѓаат на цар Самоил. Со нив кон Софија ќе заминат и останки од уште два саркофага од базиликата „Свети Ахил“ во Мала Преспа, припишани на неговиот син Гаврил Радомир и на други членови на царското семејство.

Церемонијата ќе се одржи во Музејот на византиската култура во Солун, а бугарскиот премиер Румен Радев најави дека домаќин ќе биде неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис. Потоа останките со воен авион „Спартан“ ќе бидат пренесени во Софија и положени во посебен саркофаг во црквата „Света Софија“.

Спорна идентификација на коските

Зад свечените церемонии останува едно незгодно прашање: дали навистина станува збор за коските на Самоил?

Грчкиот археолог и професор Николаос Муцопулос, при ископувањата на базиликата „Свети Ахил“ на островот во Малото Преспанско Езеро, открил четири богати гробници. На гробовите немало натписи со имињата на покојниците. Муцопулос еден од скелетите го идентификувал како Самоил, врз основа на археолошкиот контекст, високата положба на погребаниот, неговата возраст и, особено, старата тешка повреда на левата рака, која би можела да се совпадне со историските податоци за повредување на Самоил. Тоа сепак е археолошка хипотеза, што не е исто што и неспорна идентификација.

Доролку повеќе што современи истражувачи укажуваат дека по повеќе децении би било оправдано останките повторно да се испитаат со современи остеолошки методи и, ако е возможно, со ДНК-анализа. Во научната литература е доведувана во прашање токму сигурноста на идентификацијата направена од Муцопулос. Кај скелетот припишан на Самоил постојат повеќе посредни индиции, но кај останките што им се припишуваат на Гаврил Радомир и на другите членови на династијата идентификацијата во голема мера се потпира на местото и близината на погребувањата.

Радев и Мицотакис главни церемонијал мајстори

Затоа е интересно што политиката веќе нема дилеми таму каде што науката сè уште има. Во Софија на 3 октомври нема да пристигнат „останки што му се припишуваат на Самоил“, туку, според официјалната реторика, „посмртните останки на бугарскиот цар Самоил“. Радев ги повика граѓаните масовно да го пречекаат владетелот на плоштадот Батенберг, по што со поворка ќе биде однесен до „Света Софија“. Бугарската страна настанот го претставува како враќање на царот „во неговата татковина”.

Балканската „археологија“ преминува во политизирање на историјата. Грција не е повикана да донесе формална научна одлука за националниот карактер на Самоиловата држава. Но, ете, Атина прифаќа останките пронајдени на нејзина територија, во средиштето на некогашната Самоилова држава, да ѝ ги предаде на бугарската држава, која ќе ги погреба во Софија како останки на свој владетел. „Катимерини“, известувајќи за договорот, директно го опишува Самоил како владетел на Бугарија од 997 до 1014 година. За македонската јавност затоа е тешко ова да се набљудува само како археолошко или протоколарно прашање.

„Побугарчувањето“ на Самоил

Сликата, сепак, е посложена од националните митологии создадени десет века подоцна. Голем дел од современата византологија и медиевистика ја прифаќа хипотезата дека Самоиловата држава е продолжение на средновековното Бугарско царство. Постојат средновековни извори во кои Самоил и неговите наследници се поврзуваат со бугарската царска традиција, а современи истражувања посочуваат дека самите Комитопули ја граделе својата царска легитимност врз континуитетот со претходните бугарски владетели. Тоа е важен факт кој не треба да се премолчува само затоа што денес политички ѝ одговара на Софија. Но, истовремено, не треба да се премолчува и тоа дека станува збор за хипотеза, а не за научно докажан факт.

Напротив, далеку од историската вистина е тврдењето дека Самоил бил „Бугарин“ во значењето што зборот го има во 19, 20 или 21 век, па според тоа неговата држава и целото нејзино наследство ексклузивно ѝ припаѓаат на современа Бугарија. Средновековните политички идентитети, царските титули, црковната легитимност и денешните национални идентитети не се исти категории. Токму пренесувањето на модерниот концепт на нација илјада години наназад е една од најчестите стапици кога средновековната историја се претвора во современа балканска политика.

Има уште еден факт што тешко може да се избрише од картата. Политичкиот центар на Самоиловата држава бил во просторот на Македонија, со Преспа и Охрид како нејзини клучни средишта. Дури и Заедничката македонско-бугарска историска комисија во договорената формулација наведе дека Самоил бил владетел на голема средновековна држава која „мнозинството од современата историска наука ја смета за Бугарско Царство, со центар на територијата на денешна Република Северна Македонија“. Истата комисија препорача Самоил да се одбележува заеднички како личност од заедничката историја на двете држави.

Парадоксот на шетањето на коските

Одлуката можеби има практична заднина – Атина и Софија за неа преговарале повеќе од една деценија – а договорот е дел од поширока размена во која Бугарија на Грција ќе ѝ врати вредни црковни реликвии однесени од манастири во северна Грција за време на Првата светска војна. Но, симболиката на 3 октомври ќе биде многу поголема од една музејска размена.

И тука можеби се наоѓа најинтересниот парадокс. Грција со децении водеше жестоки спорови со Македонија околу правото на историски симболи и наследство од антиката, инсистирајќи дека современите национални идентитети не можат едноставно да присвојуваат личности и држави од далечното минато. Сега, во случајот со Самоил, Атина прифаќа церемонија во која археолошки останки со сè уште посредна идентификација ќе бидат пренесени во Софија и таму државно погребани како останки на бугарски цар. Тоа не е формално грчко решение на историографскиот спор, но политичката порака што ќе ја произведат фотографиите од Солун и Софија е тешко да се игнорира.

Еден срамен триумф

Особено затоа што настанот доаѓа во момент кога Македонија повторно гледа како европската интеграција се движи со различни брзини. На 14 јули Европската Унија одржа четири пристапни конференции во еден ден – со Украина, Молдавија, Црна Гора и Албанија. Европската комисија сега подготвува и посебни патокази со реформи и приближни временски рамки за напредувањето токму на тие четири земји. Македонија ја нема во таа група. Причината е позната: процесот останува блокиран пред отворањето на кластерите поради неисполнетата обврска за уставните измени договорена во преговарачката рамка.

А ден пред коските што му се припишуваат на Самоил да го започнат своето „европско патување“ од Солун кон Софија, во петок, 2 октомври, во Скопје ќе пристигне претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Нејзината балканска турнеја завршува токму во Македонија, при што е најавено дека официјални теми на разговорите во Скппје ќе бидат следните чекори кон членството, постепената интеграција и Планот за раст.

Ќе биде тоа една необична слика од два последователни дена, слика на закопување на „посмртните останки“ на она што некогаш беше европска политика за југот на Балканот. В петок Македонија ќе слуша објаснувања за условите под кои може да го продолжи патот кон Европската Унија, додека четири други кандидатки веќе добиваат поконкретни патокази. В сабота, само стотина километри подалеку, Грција свечено ќе ѝ предаде на Бугарија останки пронајдени во Преспа и припишани на владетел чија престолнина, држава, црква и историско наследство се нераскинливо врзани и со просторот на Македонија. Науката може уште долго да расправа чии коски се тие и како најпрецизно треба да се опише Самоиловата држава, но на „европејците“ очигледно им се брза да пресечат.

Што има „европско“ во ова шетање на коските од Солун до Софија? Можеби тоа ќе ни го објасни Урсула. Таа ќе ни каже каков е овој триумф на гробниците и на минатото над европската перспектива и иднина на еден народ чиј идентитет упорно се негира.

The post СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ НА БАЛКАНОТ Дали Урсула в петок во Скопје ќе објасни зошто Атина во Софија ќе парадира со „коските на Самоил“? appeared first on plusinfo.mk.

ШТО ЗНАЕМЕ ЗА ПОТЕКЛОТО НА САМOИЛ? Историски факти за славниот цар
Петнаесет илјади еднооки војници дошле поразени за да му кажат на својот цар дека загубиле во војната со Византија, а тој умрел од тага. Од неговите солзи настанало Охридското Езеро. Вака вели легендата за Цар Самoил, чие царство македонските историчари го сметаат за македонско. Тој починал на денешен ден во 1014 година, според историјата, од срцев удар.

Што точно знаеме за потеклото на Самoил и неговото царство? Идејата поради која бугарските историчари го сметаат за бугарско се крие само во еден историски податок, а тоа е дека титулата на Самoил, кој, добивајќи ја круната од Ватикан станува „rex bulgarum“, „цар на сите Бугари“. А потоа веднаш следува караницата меѓу историчарите. Дали терминот „Бугарин“ во тоа време, кога постеле само племиња и народи, а не нации, има навистина етничка ознака?

Вулгарос значи Словен

Терминот Вулгарос (на грчки) во времето на Самoил бил ист со терминот Склавос (на латински), означувал Словен и се смета дека имал политичко значење. Неговото царство било нарекувано и Склавинија, што значи царство на Словените.

Од друга страна, кај Словените во тоа време уште е изразен племенскиот идентитет, па така делот од каде Самоил потекнува се вика Берзитија, по Брсјаците кои се дел од седумте македонски племиња.

Ерменска мајка, татко Словен

Цар Самоил е дете на кнезот Никола кој бил од словенско потекло и Рипсимија, благородничка со ерменско потекло. Ерменските имиња на неговите браќа зборуваат за фактот дека Ерменци имало на Балканот и тие се мешале со Словените.

Востанието било против Бугарското царство

Четирите браќа заедно со таткото кренале востание против бугарското владеење во Македонија во 969 година. Познато е дека претходно Македонија истовремено им плаќала вазален данок на Бугарското царство и на Византија, а била седиште на благородници како Никола, таткото на Самoил.

Но, Бугарското царство била нападнато од Киевска Русија. Никола ја искористил зафатената Бугарија за да формира сопствена држава.

Терминот се задржал до 19 век?

Некои историчари сметаат дека терминот Вулгарос, односно Бугарин останува на Балканот сè до 19 век, па во таа смисла толкуваат изјави на некои македонски преродбеници. Да биде работата уште позамрсена, останало и уште едно политичко име, а тоа е Румели или Роман. Се смета дека Грците до 19 век се нарекувале Ромеи, што значи и Византијци. Подоцна, Турците ќе ја наречат Македонија – Румелија.

Зборот Вулгарос некои го поврзуваат со термин од турско потекло, но и со татарските племиња кои живееле сè до реката Волга во денешна Русија. Лингвистичката дебата продолжува.

Старото седиште на Охриската архиепископија на островот св.Ахил во Преспа. Тука е закопан царот со синовите Гаврило и Јован

Самoил не е Хан, туку има Мацедороманска титула

Самоил нема титула на Хан, туку припаѓа на Комитопули, лоза на благородници од Македонија. Познато е дека голем дел од благородниците во Македонија имале римско потекло, односно биле Мацедоромани. Мешањето меѓу Мацедороманите и македонските словени е една од претпоставките во историјата.

Од друга страна, Мацедоромани бидуваат поврзувани и со македонските Власи и нивната блискост со Македонците низ историјата.

Ослепени затоа што биле Богомили

Причината зошто Василиј II наречен Василиј Македонецот ја ослепува македонската војска им е добро позната на историчарите. Тоа било казна за Богомилската ерес која се ширела во царството, па дури и во фамилијата на Самоил, иако за него самиот се знае дека бил православен.

Струмичкото село Водоча, кое е дел од битката на Беласица од 29 јули истата 1014 година го добило името токму поради „вадењето очи“.

Византијците намерно ги менувале имињата на териториите

Зошто Василиј II со кого војувал Самоил бил наречен Македонец? Тука историчарите само делумно се согласуваат. Она што е познато е дека тој доаѓал од административен регион кој византијците го нарекле Македонија, но кој се наоѓа во денешна Бугарија. Византиските власти ги менувале регионите во царството од политички причини.

Истовремено, регионот на денешна Македонија бил преименуван во Бугарија, а Василиј станал „бугароубиец“. Тоа повторно не ни кажува многу за народноста на Василиј, туку само дека живеел во област која имала формално име „Македонија“.

Самoил немал избор освен да преземе етаблирано име?

Некои историчари сметаат дека Самоил немал друг избор освен да го земе веќе етаблираното име „Бугарско царство“ при крунисувањето токму од политички причини. За разлика од бугарското, неговото новоформирано царство нема јасна традиција зад себе, а на Самоил му треба токму тоа.

Но, истовремено, во погорните делови од империјата, каде посилно е латинското влијание, употребуван е терминот „Склавинија“, од склавус, што на латински значи роб. Дури, некои сметаат дека вака настанал  и се задржал терминот „Словен“.

Комитопулите немаат врска со античкомакедонските кралски лози?

Непроверен и шпекулативен е фактот дека Комитопулите од чија династија бил Самоил имаат своја благородничка врска и потекло сè до царските династии на античка Македонија. Во тоа време многу цареви и кралеви намерно го датирале своето потекло со Александар Македонски. На пример, во Византија, постои цела династија, наречена Македонска, цареви за кои Грција смета дека биле етнички Грци.

Јазик значело народ, а Самoиловата држава е прво словенско царство

Самоиловата држава е прво поголемо сесловенско царство на Балканот. Во него бил етаблиран старословенскиот јазик како јазик на сите Словени, само еден век по мисиите на Кирил и Методиј. Зборот „јазик“ во тој период значел „народ“. Ова зборува дека јазикот бил врзното средство кое ги тера Словените од племиња да веруваат во поголемо заедништво. Самоил ја сели престолнината од Преспа во Охрид.

Петар Делјан е последниот наследник на Самoил

Ќерките и синовите на Самоил биле пратени во други земји. Косара станала принцеза во Црна Гора, а синот Гаврило Радомир бил несреќно оженет со унгарската принцеза. По поразот на царството, Византијците го избираат братот на Гаврило, Јован Владислав за свој вазал, па Јован го убива Гаврило.

Царството трае до 1018 година кога потпаѓа под Византиска власт. Сепак, во 1040 година, внукот на Самоил, Петар Делјан, во Белград бидува прогласен за цар и наследник на Самоил и предводи успешно востание во Македонија. Владее само една година кога востанието е задушено.

островот св. Ахил во Преспа

Самоил освојувал на југ, не го интересирала Бугарија?

Оние кои велат дека царството на Самoил не може да се смета за „Западнобугарско“ нагласуваат и уште еден факт. Сите освојувања на Самоил се на југ, не на исток. Многу мал дел од денешна Бугарија спаѓа во неговата територија. Самоил ја освоил Лариса, а целел на Солун. Некои факти велат дека тој сакал да ја води државата по византиско-грчки терк. Словенските племиња уште од самото доаѓање на Балканот сакале да го освојат Солун, но тој останал византиска територија, а подоцна геостратешко пристаниште битно за Западот.

Се зборувало словенски, грчки, латински…

На кој јазик зборувал Самоил? Се смета дека словенското племе Берзити на кое тој припаѓа дошло од денешна Полска. Но, истовремено, грчкиот и латинскиот јазик биле распространети меѓу македонското благородништво. Бил во употреба есперанто јазикот „коине“ кој всушност е мешавина на грчки и латински.

Коинето значително влијаело на начинот на кој зборувале македонските Словени. Се смета дека тие до времето на Самоил го знаелето грчкото писмо и грчките броеви бидејќи биле опкружени со ваквите натписи повеќе од два векови од нивното доаѓање на Балканот.

Самоил знаел за величината на Македонија

Постои интересна анегдота, која некои историчари ја сметаат за точна. Познато е дека Самоил со еден од своите браќа отишол во Кведлинбург да се сретне со германскиот цар Отон I, тогашен варварски владетел на Римското царство. Требало да му честитаат Велигден, а Отон да им честита за успешното востание против бугарските власти.

Како подарок, наводно, Самоил на Отон му однел една свилена завеса, на која е претставен орелскиот лет на Александар Македонски. На завесата која се чува во музејот во Вирцбург е претставен Александар Македонски кому два орли (христијански симбол) на главата му ставаат златна круна со три крста.

Оваа анегдота често се користи како доказ за фактот дека Самоил, бил свесен за некогашната античка Македонија и нејзината слава. Но, тоа не ја прави неговата приказна поедноставна.

Можеби вистинската приказна за царството кое траело 50-тина години со центар во Охрид, а оставило печат на целиот Балкан и на него подоцна се угледувале цар Душан, Добромир Хрс, Алексиј Слав и други владетели никогаш нема во целост да биде дознаена.

Самоил е закопан на островот св. Ахил во Преспа, денес на територија на Грција каде постои и остатокот од голема црква, некогашното седиште на Охридската архиепископија, пред столицата да биде префрлена во Охрид.

The post ШТО ЗНАЕМЕ ЗА ПОТЕКЛОТО НА САМOИЛ? Историски факти за славниот цар appeared first on plusinfo.mk.

НАУМ ИЗБЕГАЛ ОД БУГАРИЈА КАЈ КЛИМЕНТ ВО ОХРИД Кој ја фалсификува историјата?
Непосредниот повод за Ова јавно обраќање е објавувањето на Вашите „експертски“ препораки со кои официјално се согласувате дека Македонија и Бугарија имале заедничка историја (а не само кратко периодично споделена, з.н.), но и дека во Македонија – по Вашиот „експертски терк“ ќе се усогласувале учебниците по историја, географија, па дури и по литература, пишува професор Илија Велев за „Пресинг ТВ“.

Како академски и научноистражувачки претставник од современата македонска генерација со над 500 научни книги, студии и прилози од областа на медиевистиката, византологијата, палеославистиката, историографијата, културологијата и на науката за книжевноста, Ви се обраќам јавно со загрижувачка напомена. Престане полтронски кон политиката да растурате бугарска хегемонистичка магла во македонската наука, образование и културна традиција. Не знам дали свесно, или од политиканска компромисна заслепеност го притемнувате македонскиот културноисториски идентитет и индиректно на Македонците им го оспорувате загарантираното меѓународно право за национално, културно и јазично самоопределување: како посебен народ и како посебна национална историја и култура – со вековна традиција и континуитет?

Јавно Ве прашувам.

Дали сметате дека ќе се најде некој сериозен медијавист и кирилометодиевист надвор од палеобугаристиката што ќе ги сфати за научно сериозни „експертските препораки“ на заедничката македонско-бугарска политиканска Комисија за историски и образовни прашања?

Вие, членовите на македонскиот дел од Комисијата (кои патем ниеден од Вас не е медиевист и кирилометодиевист) како целосно да сте се приклониле на палеобугаристичката митоманија за кирилометодиевистиката, која главно не се прифаќа во другите словенски центри и се смета како романтичарска, хегемонистичка и дури како националистичка.

Понудените текстови за св. Кирил и Методиј, или за св. Климент и Наум Охридски се толкувани надвор од секаков контекст на кирилометодиевските глобални цивилизациски процеси – за кои просторот на средновековна Бугарија бил целосно маргинален.

Насекаде во европската палеославистиката е јасно дека кирилометодиевската сесловенска мисионерска дејност била над сѐ византиска, а подоцна служела и на црковнополитичките интереси на папата во Рим. Во историски воено-политички контекст, таа дури била и антибугарска – зашто пред да почне Моравската словенска просветителска мисија Ханска Бугарија не била христијанизирана, а како франечки воен сојузник директно била во војна со Византија и посредно со западнословенските кнежества во Моравија. Во тој контекст, како е можно св. Кирил и Методиј да се толкуваат како бугарски словенски просветители? А кирилометодиевската старословенска писменост и книжнина, како „старобугарска“?

Не се помалку иронични и „експертските“ култно-легендарни напомени за св. Климент Охридски дека тој бил поставен за словенски епископ во Кутмичевица од владетелот на Ханска Бугарија. Притоа „компромисно“ не се имало предвид дека христијанскиот црковен канон оневозможувал мирско лице да спроведува хиротонија на великодостоинственик во духовен чин. Кој црковен достоинственик ја извршил богослужбената хиротонија на словенскиот епископ св. Климент? Секако тоа не го сториле актуелните присутни византискогрчки архиереи во Ханска Бугарија, а најмалку е можно тоа да биле римопапски легати.

Уште попразноверно е запишаното дека св. Наум Охридски бил основоположникот на Плисковско-Преславската книжевна школа, а по 893 година дека бил испратен од бугарскиот владетел да работи во Охридската книжевна школа. Истражувањата покажуваат дека св. Наум Охридски самоволно ја напуштил Бугарија по Преславскиот собор во 893 година и дека заминал кај својот кирилометодиевски соученик св. Климент. Тие заедно ја организирале и ја развиле Охридската духовна и книжевна школа врз основа на изворните идеи од кирилометодиевското словенско просветителство.

Токму и преку изворните словенски кирилометодиевски развојни карактеристики на Охридската духовна и книжевна школа во однос на различните во новоформираниот Преславски книжевен центар, јасно се истакнува историската потврда за посебната издвоеност на македонската средновековна духовна и книжевна традиција од бугарската.

Од каква и да е романтичарско-патриотска побуда, или од современа национална дистанца (дури и да доаѓа од политичко-експертска бугарско-македонска комисија), никој нема право да го преориентираат Светиклиментовото општословенско и македонско дело кон туѓи (бугарски) историскоразвојни насоки.

Впрочем, низ средновековниот период култот на св. Климент и св. Наум не заживеале во која и да е култна форма на развој и афирмација на просторот на Бугарија. Ниту пак нивните оригинални книжевни дела биле пишувани во Бугарија, а иронијата да е поголема – дури не се среќаваат и подоцнежни преписи на тие творби во бугарската ракописна традиција. Најмалку што можам да ѝ сугерирам на „експертската“ комисија за тоа прашање е: прочитајте ги најновите истражувања на истакнатиот палеославист акад. Ѓорги Поп-Атанасов, а кои се однесуваат на „Охридската книжевна школа наспроти Плисковско-преславската – одлики и разлики“ (Види: Зборник „Македонскиот јазик – континуитет во простор и време“, МАНУ, Скопје 2020, стр. 45-53).

Дополнително прашуваме, по која научна логика методолошки сте пристапиле кон усогласената перспектива за да констатирате дека: само затоа што македонскиот простор во период на 9. век бил завојуван од страна на Ханска Бугарија, духовните и културноисториските Светиклиментови процеси кои се одвивале во Македонија треба да се толкуваат како „бугарски“? Следствено, дали тоа ќе значи: како се менувале освојувачите на просторот на Македонија низ историјата, така македонските духовни и културноисториски процеси да се преименуваат во различни традиции – византиска, српска, турска итн., а само во прилог на бугарските хегемонистички аспирации – да не е македонска.

Во научна и во академска смисла текстот за цар Самуил е интрогантно бугарски проектиран. Експертската теза оди во прилог само да се експонира „аргументот“ дека во поголем дел од историографијата Самуиловото Царство се сметало како „бугарско“. Еве, допуштете да Ве прашаме: зошто во експликацијата не се оставил и простор да се објасни дали има и други научни тврдења надвор од бугаристиката – во смисла, дека ниеден извор од времето на Самуил не истакнува атрибуција „бугарско“ за неговото владетелство? Само за доедуцирање: бугарскиот атрибут се додал во подоцнежните византиски хроники, откако византискиот император Василиј II ја преименувал македонската територија во управна област (катепанот) Бугарија, а бугарскиот простор бил преименуван во катепанат Паристрион, односно Парадунавон. Следствено, на македонскиот простор Византија политички го активирала процесот да се притемни етнонимот Словени и словенска земја, а да се замени со називите на порано поразените и веќе завојувани Бугари и бугарска земја. Евентуално, при формулациите дали се имало предвид: на која територија се основало Самуиловото словенско царство, а и која му била помесна (титуларна) црква? Секако дека тоа не било на просторот во Бугарија, на чии територии и најмалку се реализирале Самуиловите освојувања. За да било неговото царство бугарско, требало Самуил да се круниса со бугарската царска круна. Или, требало да се обнови веќе згаснатата Преславска архиепископија/патријаршија во својство на титуларна црква на владетелството. Црковниот титулар на Самуиловото Царство во лицето на тогаш ставропигијалната Охридска патријаршија/архиепископија во однос на Константинопол и Рим, историски јасно ја диференцира неговата држава од византиски завојуваната Бугарија.

Веќе е крајно времето македонските научни и високошколски институции јавно да упатат молба до македонските колеги од историско-образовната македонско-бугарска комисија. Немојте до вулгарен степен да ја омаловажувате македонската наука и Вашите академски и научни колеги кои објавија импозантен број истражувања читани и цитирани и од најпрестижните светски научни центри. На тој начин ја правите ништовна и Вашата досега објавувана научноистражувачка продукција. Вашиот дефект е уште поголем што со конформистички угодувања допуштате митоманиите во бугарската хуманистичка „наука“ да им служи на две политички влади да „одобруваат“ образовни наративи во политикански учебници од кои ќе се воспитуваат идните македонски млади поколенија. Барем за Вашите деца и внуци покажете должна почит и повлечете се од позициите да служете како политикански партиски измеќари – а не како академски и интелектуални граѓани. Тоа им го должите и на Вашите студенти, поранешни и идни. Зарем во досегашното академско и научно искуство не сте сфатиле дека научните препораки не се испраќаат до политички влади на земји, за Тие со политички одлуки да одобруваат учебници во образовните процеси.

Во кое време живееме? Препораките треба да ги прават професионално и со респект научни и образовни институции. Но, за жал, со ваквите Ваши примери на политиканско однесување македонските институции целосно ги девастирате.

До кога? Доста е!

The post НАУМ ИЗБЕГАЛ ОД БУГАРИЈА КАЈ КЛИМЕНТ ВО ОХРИД Кој ја фалсификува историјата? appeared first on plusinfo.mk.