ТАЈВАН ИМА СОПСТВЕНА СУПЕРСОНИЧНА РАКЕТА? Еве колку брзо може да го погоди Пекинг (ВИДЕО)
Јун Фенг е проектил од среден домет, односно достигнува 2080 километри. Растојанието меѓу Тајпеј и Пекинг е околу 1850 километри, што значи дека проектилот, кој патува со километар во секунда, односно 3600 километри на час би можел да стигне до кинескиот главен град за 30 минути. Ракетата може да носи товар од 225 килограми. За споредба, една нуклеарна боева глава тежи 130.
Половина час би ѝ бил доволен на тајванската суперсонична ракета Јун Фенг да го погоди кинескиот главен град Пекинг. Со ракетата за која малку се знае претседателот на Собарнието Ју Си Кун ѝ се закани на Кина, објавија неколку западни медиуми. Во интервјуто тој рече дека островот нема да „се оддалечи“ од користењето на овие оружја за масовно уништување.
🇹🇼Taiwan’s legislative speaker reveals its mass produced supersonic cruise missiles, Yun Fong, are capable to attack Beijing.https://t.co/Y0q3ewVGw3
— Taiwan Military (@TaiwanMilitary) June 12, 2022
– Ракетите „Јун Фенг“ веќе можат да го погодат Пекинг, а Тајван има способност да го нападне Пекинг – рече Ју, според Либерти Тајмс Нет и додаде:
– Партијата на кинеската заедница мора да го помине Тајванскиот теснец за да го нападне Тајван, што е различно од рускиот напад врз Украина.
Тајван, веќе го тестираше проектилот лани во септември.
Јун Фенг е проектил од среден домет, односно достигнува 2080 километри. Растојанието меѓу Тајпеј и Пекинг е околу 1850 километри, што значи дека проектилот, кој патува со километар во секунда, односно 3600 километри на час би можел да стигне до кинескиот главен град за 30 минути. Ракетата може да носи товар од 225 килогарми. За споредба, една нуклеарна боева глава тежи 130.
– Ако сакате да слетате, ќе се борите на брегот на плажата (на Тајван). Ако слетувањето е успешно, сите во Тајван мора да бидат решени да умрат како Украинците – им се обрати Ју на Кинезите.
Тајван и Кина се разделија за време на граѓанската војна во 1949 година, но Кина тврди дека островот е нејзина територија и не ја отфрла можноста за употреба на воена сила за да го преземе.
Кина ги засили своите воени провокации против демократски Тајван во последниве години, со цел да го заплаши да ги прифати барањата на Пекинг да се обедини со комунистичкото копно.
Законот за односи со Тајван од 1979 година, кој ги регулираше односите на САД со островот, не бара од САД да стапат воено доколку Кина изврши окупација, но ја обврзува американската политика да обезбеди Тајван да има ресурси да се брани и да спречи каква било унилатерална промена на статусот на островот.