ТАЈНАТА НА РИМЈАНИТЕ ЌЕ ИМ ЈА ПРОДАВАМЕ И НА ИТАЛИЈАНЦИТЕ Македонското тесто Пинса Романа, ќе се продава и во Германија и Чешка
Производот на гостиварската компанија „Рамазоти Фуд“, Пинса Романа за кој компанијата доби од Фондот за иновации 2.214.000 денари, е всушност инспириран од пинсите - „лепчиња од кисело тесто кои биле храна за сиромашните кои пред 2000 години аргатувале за Римјаните“, објаснуваат од компанијата.
Проектот за кој се крена голема фама во јавноста откако се обелодени дека Фондот за иновации одобрил 2.214.000 денари за “тајната на Римјаните за пица стара 2000 години“, ја завршил првата фаза од реализацијата и веќе го направил првиот извоз.
Од Фондот, во изјава за „Плус инфо“ велат дека буџетот на корисникот „Рамазоти фуд“ од Гостивар е распределен во три квартали односно девет месеци и дека засега им е исплатена рата само за првиот квартал која изнесува 882.000,00 денари.
Прочитајтего целиот текст на порталот „Арт кујна“.