📽️ ТАЈЛАНД ИМА ТРОЈНО ПОГОЛЕМА ВОЈСКА, КАМБОЏА ИМА СОВЕТСКИ ТЕНКОВИ Какви се силите на завојуваните страни?

Во воздушната поддршка, кралот на Тајланд располага со американски хеликоптери „Кобра“ за напад и 18 транспортни „Блек Хок“, додека Камбоџа има само неколку десетици постари советски и кинески модели. Во однос на тенковите, Тајланд поседува стотици модели меѓу кои класични американски и кинески модели, додека Камбоџа има 200 стари советски и кинески парчиња.

1,774

Тајланд има огромна воена предност пред Камбоџа, тројно поголема армија, далеку посилна артилерија и напредна воздушна одбрана за разлика од советските и кинески авииони и тенкови на Камбоџа, анализира Си-Ен-Ен.

Конфликт утринава, 24 јули, изби меѓу двете земји. Најмалку 9 цивили се мртви. Бомбардирани се цели од двете страни на границата.






Според најновите податоци, Тајланд располага со околу 361.000 активни војници.

Во однос на артилеријата, Тајланд контролира над 600 парчиња – вклучувајќи 56 топови од 155 мм и повеќе од 550 влечени 105 мм, додека Камбоџа располага само со 12 топа од 155 мм и околу 400 помали модели.

На воздушен план, Тајланд располага со најмалку 11 модерни шведски ловци „Грипен“, десетици американски „Ф‑16“ и „Ф‑5“, спротивно на речиси никакви способни борбени сили кај Камбоџа.

Дополнително, Тајланд има стотици тенкови, вклучувајќи 60 кинески „VT‑4“ и бројни американски класични модели, додека Камбоџа поседува приближно 200 постари кинески и советски тенкови.

Во воздушната поддршка, кралот на Тајланд располага со американски хеликоптери „Кобра“ за напад и 18 транспортни „Блек Хок“, додека Камбоџа има само неколку десетици постари советски и кинески модели.

Воената моќ на Тајланд се огледува и во годишните вежби „Кобра Голд“, кои ги коорганизира со американската Индо‑пацифичка команда уште од 1982 година. Тоа, всушност, е најдолготрајната меѓународна воена вежба во светот.

Според Си-Ен-Ен, САД го класифицираат Тајланд како главен сојузник кој не е член на НАТО, што му дава децениска американска поддршка за воените програми. Во исто време, Тајланд ги зајакна врските со Кина во последните години и разви силна домашна воена индустрија со помош на земји како Израел, Италија, Русија, Јужна Кореја и Шведска, се вели во извештајот.

Пограничниот конфликт меѓу Тајланд и Камбоџа се врти околу спорачани територии во областа на древни храмови и неразјаснети граници кои потекнуваат од колонијалната ера, особено околу храмот Преа Вихеар, но и комплексот Та Моен Том, каде што тензиите ескалираа во мај оваа година.

Границата била нецелосно демаркирана откако Меѓународниот суд на правдата во 1962 и 2013 ѝ го додели храмот Преа Вихеар на Камбоџа.

Сепак, околината и денес останува предмет на двојна интерпретација и територијален притисок од двете страни.

Поврзани содржини