СВЕТСКИ ПОРТАЛ КОРИСТЕЛ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ДА ПИШУВА Во меѓувреме, Чат ГПТ положи испит по медицина
Но, ЧатГПТ не е првата вештачка интелигенција да биде користена за пишување новинарски текстови. Познатиот медиум Асошиејтед прес уште од 2015 година користи вакви софтвери за да му помогнат во пишување на кратки текстови од економијата кои биле најчесто информации за тоа колку одредени фирми заработиле во одреден период.
Чат ГПТ, вештачката интелигенција која полека му конкурира на Гугл, станува сè попаметна и…поелоквентна во пишувањето текстови. Додека американските студенти во огромен број веќе ја користат програмата за да им „помогне“ во семинарските, веста дека се пишуваат цели статии со ваков тип софтвери не е новост.
Познатиот сајт за технологија, Си-Нет генерирал десетици статии со помош на своја програма, а текстовите, инаку анализи за берза и за финансии, имаа грешки кои беа откриени од група истражувачи на Њујорк Тајмс и Вашингтон Пост, јави Футуризам. Од Си-НЕТ ги признаваат грешкте, но велат дека ќе продолжат да се служат со својот програм!
Кон Гуљелмо, главниот уредник на Си-Нет изјавил дека грешката не е во програмата туку во луѓето кои потоа биле задолжени да ги прегледуваат неговите текстови.
„Во неколку приказни, нашата алатка за проверка на плагијат или не беше правилно користена од уредникот или не успеа да фати реченици или делумни реченици кои многу личат на оригиналниот јазик“, напишал Гуљелмо за она што од Си-Нет го нарекуваат „АИ асистент“.
Тој изјави дека тимовите на Си-Нет ја исправиле својата грешка и со белешка од уредникот. Се работи за грешки во бројки, нецелосни имиња на компании и нејасни реченици.
Има уште од приказната. Вушност, првите вакви финансиски статии биле генерирани во 2015 година и тоа од познатиот медиум Асошиејтед прес. Сепак, во овој случај се работи за многу кратки текстови од економијата кои биле најчесто информации за тоа колку одредени фирми заработиле во одреден период. Можност да се згреши тука е помала.
Во меѓувреме, Чат ГПТ руши нови бариери, иако само е во тест-верзија која допрва треба да добие своја апликација. Програмата со доволен 6 го положила испитот за лиценцирање на доктори во САД, кој обично го полагаат докторите кои имаат завршено медицински факултет, но уште не запишале специјализација. Резултатите ги прегледувале двајца лекари.
ЧатГПТ исто така, го надмина својот конкурент ПабМедГПТ, кој е „обучен исклучиво за литература за биомедицински домен“ и се спушти „удобно во рамките на преодниот опсег“ на резултати.
Ботот исто така заработил преодни оценки на делот со повеќекратен избор на Правниот испит во САД, според друг истражувачки труд. Програмата одговорила точно на 50,3% од прашањата.
Вреди да се напомене дека програмата не е претходно спремана за овие испити, освен она знаење што го има од интернет сајтови, кое, по својата големина во гигабајти е значително помало од архивата на Гугл и, во моментов, неговата тест-верзија е ограничена само со информации не постари од 2021 година.
Исто така, вреди да се напомене и дека самиот Чат ГПТ може добро да биде истрениран за да распознава плагијати (од други ботови) и уникатно авторско пишување.
НОВОТО ЧУДО ШТО ВЕЌЕ ГО ЗАМЕНУВА ГУГЛ Самото пишува есеи, мејлови, кодира и прави муабет