СВЕТСКИ ДЕН ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕЦА И МЛАДИ Учениците од основно и средно во земјава се чувствуваат најбезбедно дома
Според истражувањето на „Меѓаши“ за состојбата на правата на децата на примерок ученици од основните и средните училишта во Скопје, а како дел од поширок консултативен процес, учениците се чувствуваат најбезбедно дома (91,2 %) а најмалку безбедно на интернет (31,9 %), соопштуваат од Детската амбасада воочи светскиот ден за превенција од злоупотреба на деца и млади, 19 ноември.
Предложен како светски ден во 2000 година и оттогаш одбележуван секој 19 ноември (во синергија со годишнината од Конвенцијата за правата на детето), Светскиот ден за превенција од злоупотреба на децата претставува годишна глобална кампања за подигнување на свеста чија цел е градење култура на превенција од детска злоупотреба.
Мрежата предводена од Women’s World Summit Foundation (WWSF), чија членка е и Првата детска амбасада во светот Меѓаши, обединува над 930 владини и невладини институции/организации од повеќе од 135 земји кои секоја година го одбележуваат овој ден.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.