СВЕТСКИ ДЕН НА ПИЦАТА Направете го најдоброто тесто
Светски ден на пицата е 9.февруари и е посветен на најпознатиот италијански специјалитет. Токму во чест на денот, одбравме и еден едноставен рецепт за тесто за пица кој можете да го направите дома
Денеска, 9 февруари, е Светски ден на пицата. Ова тенко тесто наредено со најразлични состојки е можеби најпопуларно јадење во светот, поради евтините и лесно достапни основни состојки и едноставноста за неговото правење.
Кога е создадена пицата, тешко е да се прецизира.
За историјата на пицата се предат многу приказни, особено откако археолозите открија дека можна „далечна роднина“ на пицата е откриена на ѕидините на Помпеја, античкиот римски град во близина на Неапол кој бил уништен од вулкан, пред 2000 години, долго пред доматите и моцарелата да станат основни додатоци во италијанската кујна.
Повеќе за ова, како и рецептот, побарајте ги на „Арт кујна“.