СВЕТСКИ ДЕН НА ДЕЦАТА Сите деца се важни!

За жал, сé уште има деца кои живеат на работ на егзистенција, без доволно храна, без можност за образование и здравствена заштита. Конвенцијата на ОН за правата на детето наведува дека сите деца имаат еднакви права, без разлика каде живеат, на кој јазик зборуваат, која е нивната вера или националност и што работат нивните родители.

114

Во целиот свет, па и во Македонија денеска (20 ноември) се одбележува Светскиот ден на детето.

Кога Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои „Декларацијата за правата на детето“ на 20 октомври 1959 година, а потоа ја одобри Меѓународната конвенција за правата на детето во 1989 година, светот даде ветување дека сите деца во светот ќе имаат еднакви права.






Тие права кои им ветивме на децата дека ќе ги почитуваме се правото на живот, правото на здравствена заштита, правото на домување, правото на образование, правото на игра, заштита од запоставување, заштита од дрога, алкохол, забрана за детскиот труд, заштита на децата бегалци…

Да, по овие неколку редови на набројување на правата на децата, кои секое живо човечко суштество мора секогаш и несомнено да ги почитува само затоа што така му наложува здравата логика, сфаќаме дека во денешно време има сѐ повеќе примери и сѐ повеќе прилики во кои овие права едноставно не се почитуваат.

Тоа многу добро го знае УНИЦЕФ, кој токму денеска по повод Светскиот ден на детето излезе со соопштение во кое вели: „Децата живеат во свет кој се однесува сѐ понепријателски кон нивните права, а тоа е највидливо во оние области каде што се одвиваат воени конфликти.

Се проценува дека денес околу 400 милиони деца живеат во конфликтните подрачја или бегаат од нив“, објави УНИЦЕФ, што значи дека е ова случај со секое петто дете.

Звучи страшно, нели? Особено кога живееме во област каде што се почитуваат правата на децата, барем во многу поголема мера отколку во другите, критични области.

Сепак, правата на децата се донекаде загрозени секаде, според овој извештај, а климатските промени се еден од важните фактори за ова.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини