СВЕТОТ УШТЕ ВЕРУВА ВО ВЕШТЕРКИ 40 отсто од луѓето на планетата не се откажуваат од вишите сили

Важноста на оваа функција е поголема во општествата каде што општествениот поредок не се одржува ефективно од формални институции како што се правични судови, доверлива полиција, ефикасна централна влада, што објаснува зошто верувањата за вештерство имаат тенденција да бидат позастапени во земјите со слаби институции, вели Борис Гершман од Вашингтон, водач на ова истражување.

117

Глобална студија покажа дека приближно една милијарда луѓе од возрасната популација од 95 испитани земји веруваат во вештерки кои можат „да фрлаат пцости или магии што предизвикуваат лоши работи некому да му се случат“, пишува Њузвик.

Анкетите испитале 140.000 луѓе од 95 земји и територии, а, во просек, 40 отсто од прашаните веруваат во вештерство. Покра тој, луѓето кои живеат во земји со „слаби државни институции“ имале поголема веројатност да веруваат во вештерство. За пример е земена каде Русија процентот е 56 отсто.






– Русија е позната по своите скршени институции, вклучувајќи ги корумпираните судови, полицијата и генерално нефункционалните централни и локални власти. Таа е исто така земја која нуди многу тенка социјална безбедносна мрежа и има висок процент на луѓе ранливи на неповолни шокови како што се болести и сиромаштија, па на тој начин(верувајќи во натприродни сили) луѓето бараат да се објаснат несреќите во нивните животи.

Светската популација неодамна надмина осум милијарди и авторите на студијата истакнаа дека нивните резултати веројатно недоволно го претставуваат целосниот размер на верувањето во вештерство. Тоа е бидејќи студијата ги изоставува Кина, Индија и други земји од југоисточна Азија кои се меѓу најнаселените во светот.

Водачот на студијата Борис Гершман, вонреден професор на Одделот за економија на Американскиот универзитет во Вашингтон, ги опиша „слабите институции“ како земји со „владеење со низок квалитет“, каде што нема широки мрежи за социјална заштита што „ги изолира членовите на заедницата од негативни шокови за нивната егзистенција“.

Гершман изјави за Њузвик дека верувањата значително се разликуваат меѓу земјите.

– Едно важно откритие од мојата студија е дека верувањата за вештерство се значително пораспространети во земјите со слаби институции. Идејата е дека историски, една од главните општествени функции на верувањата за вештерство е да се наметне социјалната кохезија и да се одржи редот во општествата на кои им недостасуваат алтернативни механизми за тоа – вели тој и додава:

– Важноста на оваа функција е поголема во општествата каде што општествениот поредок не се одржува ефективно од формални институции како што се правични судови, доверлива полиција, ефикасна централна влада, што објаснува зошто верувањата за вештерство имаат тенденција да бидат позастапени во земјите со слаби институции.

Опасните верувања за вештерство остануваат распространети во одредени земји. На пример, во Гана, жените сè уште често се обвинуваат за вештерство и поради тоа трпат ужасни казни.

Досега недостасуваа точни податоци за верувањата за вештерство по земја. Студијата покажа дека верувањата во „западнатите“ земји имаат тенденција да бидат многу помалку распространети. На пример, само 16,5 отсто од луѓето во САД рекле дека веруваат во вештерство.

Ова може да се должи на фактот дека западните општества имаат тенденција да имаат повеќе „добро воспоставени“ формални институции и се способни да им обезбедат на луѓето социјална безбедносна мрежа. Западните општества, исто така, имаат тенденција да имаат повисоки пропорции на високообразовани луѓе, кои повеќе се потпираат на природни, а не на натприродни објаснувања за животните настани.

Други земји со особено висока стапка на верување ги вклучија Мароко, Тунис и Танзанија. Висок процент од верувањата за вештерство, исто така, се во корелација со луѓето изложени на шокови во животот, како што се сушата или невработеноста, објави студијата.

Помладите луѓе на возраст од 18 до 27 години имаат поголема веројатност да веруваат во вештерство, покажа студијата графички. Верувањата исто така биле во корелација со религијата. Па така, 62 отсто од испитаниците се идентификувале како христијани, а 27 отсто како муслимани.

Поврзани содржини