СВЕТОТ ИМА ПЧЕНИЦА ЗА УШТЕ ДВА ИПОЛ МЕСЕЦИ Кој ја држи храната како заложник?
Во моментов, складиравме резерви на пченица на глобално ниво за само 10 недели. Денешните услови се полоши отколку во 2007 и 2008 година, вели Сара Менкер, според која во другите места во светот каде се одгледува оваа житарица се погодени од суша најекстремна во последните 20 години. Проблем е и тоа што е блокиран пристапот до семиња од пченица за таа да може да се одгледува.
Светот има залихи на пченица за само уште 10 недели, рече Сара Менкер, експертка во Обединетите Нации за недостиг и проблеми со храната. Војната во Украина го „долеа маслото на огнот што гореше многу време“, а Русија и Украина заедно сочинуваат речиси третина од светскиот извоз на оваа житарица, пишува Мондо.
Според Менкер, сушите во светот кои се најекстремни во последните 20 години и оневозможениот пристап до ѓубрива прават другите извори на пченица да бидат намалени.
– Во моментов, складиравме резерви на пченица на глобално ниво за само 10 недели. Денешните услови се полоши отколку во 2007 и 2008 година – рече таа.
Статистиките за пченица направени од „Гро Интелиџенс“ покажуваат дека сегашните залихи се околу 20 отсто, што значи светот има залиха за само една петтина од годинашната потрошувачка на пченица.
Да потсетиме, неодамна, во своето обраќање пред Советот за безбедност на ОН, американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја обвини Русија дека ја држи храната како „заложник“ не само за Украинците, туку и за милиони ширум светот.
– Се чини дека руската влада мисли дека употребата на храната како оружје ќе помогне да се постигне она што нејзината окупација не е – да се скрши духот на украинскиот народ – рече Блинкен.
Повеќето од клучните пристаништни градови во Украина од каде се извезуваше пченицата и други добра во странство во моментов се запоседнати од руските сили.