СВЕТОТ ДОЗНАВА ЗА ПРОТЕСТИТЕ ВО ИРАН ПРЕКУ САТЕЛИТИТЕ НА ИЛОН МАСК Шверцуваните терминали ја одржуваат врската

Во Иран се шверцувани меѓу 50.000 и 100.000 терминали. Се проценува дека неколку стотици илјади луѓе имаат пристап до нив , последната врска на Иран со надворешниот свет. Но, државата реагира со казни кои можат да достигнат до 10 години затвор.

201

Иран ја повлече дигиталната завеса. Од четврток, најголемиот дел од земјата е отсечен од интернет — најстрогата блокада во последните години. На улиците се слушаат повици против режимот, а под мракот на дигиталното молчење, сè уште светат неколку илјади сателитски точки – тајно шверцувани терминали „Старлинк“ на компанијата Спејс Икс на милијардерот Илон Маск.

Во Техеран, Кахризак и Исфахан, видеа од демонстранти сепак излегуваат во светот. Каналот Vahid Online на Телеграм објавил снимки од тела на улица, испратени преку шифрирани мрежи и „цензурообиколувачки“ технологии како Ceno и прокси-сервери. Амир Рашиди, експерт за дигитални права, предупредил дека државата користи воена опрема за електронско блокирање на сигналите, а дронови пребаруваат покриви во потрага по сателитски антени.






Во Иран се шверцувани меѓу 50.000 и 100.000 терминали. Се проценува дека неколку стотици илјади луѓе имаат пристап до нив. Тоа  е последната врска на земјата со надворешниот свет. Но државата реагира со казни кои можат да достигнат до 10 години затвор.

– Во новиот закон дури се вели дека користењето Старлинк е рамно на шпионажа за Израел или ЦИА – изјавил Рашиди.
Даг Мадори од Kentik потврдил дека блокирачката технологија што се користи е „од воен калибар“, скапа и со висока потрошувачка на енергија, но делумно неефикасна во оддалечените подрачја.

Во потег што многумина го нарекоа „дигитален хуманитарен чин“, компанијата Спејс Икс на Илон Маск ја отвори услугата бесплатно за Иранците. „Блумберг њуз“ објави дека претплатничките трошоци се укинати.

Поврзани содржини