СВЕШТЕНИЦИ СЕ ЗАБАВУВАЛЕ СО МАШКА ПРОСТИТУТКА Секс скандал ја тресе Католичката црква во Полска

Полските медиуми објавија дека „забавата излегла од контрола и машката проститутка изгубила свест“, поради што била повикана брза помош, но кога пристигнале болничарите, им било забрането да влезат во просториите на Црквата.

584

Секс-скандал ја потресува Католичката црква во Полска откако минатата недела во градот Даброва Горница свештенците организирале „секс забава“ со машка проститутка.

„Газета Виборча“ објави дека „забавата излегла од контрола и машката проститутка изгубила свест“, поради што била повикана брза помош, но кога пристигнале болничарите, им било забрането да влезат во просториите. Болничарите потоа наводно повикале полиција, која им помогнала да стигнат до човекот кој бил во бессознание.






Портпаролот на локалното обвинителство за весникот изјави дека е почната истрага за евентуално не укажување помош на лице чие здравје е загрозено, што е кривично дело за кое следува затворска казна до три години.

Настаните потоа добија дополнителен драматичен пресврт кога маж ги запалил вратите на базиликата во парохијата каде што се случил инцидентот. Пожарникарите го изгаснале пожарот и нема повредени. Полицијата подоцна привела маж осомничен за подметнување на пожар.

Локалната католичка курија потврди дека имало инцидент и дека е формирана комисија која итно ќе објасни што се случило. Куријата посочи и дека „досегашните наоди на комисијата се разликуваат од информациите објавени во некои медиуми“.

Поврзани содржини