СУПЕР ХРАНЛИВ ДИВ ЗЕЛЕНЧУК Уживајте во дивите пролетни деликатеси
Дали некогаш сте пробале маргаритка? Покрај најпознатите диви растенија како глуварче, коприва и див лук, пролетната чинија можете да ја збогатите и со некои други здрави растенија
Меѓу дивите билки од кои традиционално напролет се подготвуваат закрепнувачки јадења полни со витамини и минерали, најпознати се глуварчето, копривата и дивиот лук. Но, освен нив, постојат голем број на диви билки кои иако се широко распространети, повеќето луѓе не ги доживуваат како здрава храна, почнувајќи од маргаритките.
Многу здрави се и шпарогите и тие може да се најдат самоникнати во природа, најчесто во приморски места, додека кај нас не се многу распространети и најчесто се многу скапи.
Маргаритките (Bellis perennis) се одлични за пролетно чистење и зајакнување на организмот благодарение на изобилството на витамин Ц и каротин, флавоноиди и други фитонутриенти. Младите листови од маргаритка добро се вклопуваат со салати и може да се мешаат со урда. Со листовите може да се збогатат смутињата, супите, чорбите и други јадења од зеленчук. Цветните пупки (додека се уште тврди и зелени) се погодни за маринирање во оцет, а отворените цветови се јадат сирови (обично се додаваат како декорација на јадењата).
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.