„СУДНИОТ ДЕН“ ДОАЃА СО БРЗИНА ОД 28.000 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС Нова демонстрација на американската нуклеарна моќ

Војската на САД нагласува дека лансирањето било планирано однапред и не е директна реакција на актуелни воени или политички тензии во светот. Уште да се поверува во тоа...

139

Американската војска повторно го тестираше интерконтиненталниот балистички проектил Minuteman III, оружје кое медиумите често го нарекуваат проектил “Судниот ден“, поради неговата огромна разорна моќ и улогата што ја има во нуклеарното одвраќање.

Тестот беше изведен од воената база Ванденберг во Калифорнија, а проектилот без нуклеарна боева глава успешно ја погодил тест-целта во Пацификот, во близина на Маршалските Острови.






Според американската команда Air Force Global Strike Command, ваквите тестирања се редовна процедура со која се проверуваат точноста, сигурноста и подготвеноста на нуклеарниот систем. Војската нагласува дека лансирањето било планирано однапред и не е директна реакција на актуелни воени или политички тензии во светот.

Minuteman III е еден од клучните елементи на американската нуклеарна стратегија. Станува збор за интерконтинентална балистичка ракета која може да погоди цели на друг континент за помалку од еден час. Таа претставува копнениот столб на таканаречената нуклеарна тријада, заедно со стратегиските бомбардери и нуклеарните подморници.

Техничките карактеристики на ракетата се импресивни. Minuteman III може да достигне брзина од повеќе од 24.000 до 28.000 километри на час, односно околу 23 пати поголема од брзината на звукот. Нејзиниот домет надминува 13.000 километри, што ѝ овозможува да погоди цели речиси насекаде во светот.

Во оперативна конфигурација ракетата носи нуклеарна боева глава со јачина до 475 килотони, што е десетици пати посилно од атомската бомба фрлена врз Хирошима во 1945 година. Токму поради оваа разорна моќ, ваквите ракети се сметаат за оружје на стратешко одвраќање, чија главна функција е да спречи евентуален напад од противник.

Иако системот е развиен уште во времето на Студената војна и е во употреба од 1970-тите години, САД и натаму одржуваат околу 400 вакви ракети во подземни силоси во неколку западни држави. Паралелно се развива нова генерација интерконтинентални ракети, во рамките на програмата Sentinel, која постепено треба да го замени Minuteman III во наредните децении.

Затоа секое вакво лансирање се толкува и како демонстрација на воена и технолошка моќ. Иако официјално станува збор за рутински тест, ваквите операции испраќаат јасна порака дека американскиот нуклеарен арсенал останува оперативен и подготвен за брза реакција во случај на глобална безбедносна криза.

Поврзани содржини