ВО БЕЛО, ВО БЕЛО, ЈАС СТОЈАМ ПОКРАЈ НЕГО Само седум жени во светот не мора да се завиени во црно пред папата

Иако оваа привилегија е резервирана само за католичките принцези и кралици таа не важи за сите од нив.

457

Во католичката традиција црната боја е поврзана со побожноста и понизноста, затоа и при прием кај папата жените мора да носат црна облека, долг фустан, црн мантил и ракавици. Со текот на времето овие правила за приватна посета кај римокатоличиот поглавар претрпеа одредени измени, но сепак останува дека жените треба да се облечени во црно и покриени.

Сепак, некои од католичките принцези биле иземени од овие правила. Оваа привилегија е позната како „Le privilegie du blanc“ на француски или „Il privilegio del bianco“ на италијански. Иако ова правило постои не е јасно како е направен изборот затоа што тоа важи само за некои католички принцези и кралици, а други ја немаат таа привилегија.






Со оваа привилегија се почестени само седум жени, и тоа:

Кралицата Летиција од Шпанија – Сопруга на кралот Филип

Кралицата Софија од Шпанија – Мајка на кралот Филип и сопруга на Хуан Карлос Први

Кралицата Матилда од Белгија

Принцезата Шарлин од Монако

Војвотката Марија Тереза од Луксембург

Принцезата Мариа Дориа од Наполи

Поврзани содржини