СТЕ ЈАДЕЛЕ ЛИ БУДА ПОРЦИЈА? Кога ќе си направите оброк од остатоците од вчера и завчера…
Иако правилото е дека нема правила, секоја Буда чинија има своја основа од ориз или нешто зрнесто за заситување. Се додава сварен или печен дел и нешто сирово или маринирано и се внимава на разновидноста на состојките. Вака подготвената чинија е комплетен оброк. Можат да послужат и остатоците од претходниот ден
Веќе неколку години на Интернет и во книгите се шират шарени Буда Боулс (Buddha Bowls) или Буда чинии. Постојат различни теории за тоа зошто го добиле своето име. Најмногу ни се допаѓа приказната со вистинскиот Буда, кој во никој случај не бил заоблен, како што го прикажуваат статуите, напротив, бил слаб и живеел аскетски живот. Буда се будел секое утро пред зори и ја носел својата чинија каде и да патувал.
Каде и да поминувал, локалното население му ставало храна во садот како донација и на крајот Буда јадел сè што му било дадено.
Тоа бил оригиналниот Buddha Bowl: голема чинија со храна што селаните ја имале на располагање и можеле да ја споделат со странец. Веројатно тоа била прилично здрава храна, бидејќи Буда живеел пред ерата на евтина преработена храна, но веројатно и прилично едноставна, а понекогаш можеби и само ориз или некое едноставно кари.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.