СТАВИВТЕ ЛИ ЗЕЛКА? За расолот, неговите придобивки, маани и рецепт за киселење
Ова прашање за некоја година веројатно и сосема ќе исчезне од разговорите бидејќи сè почесто луѓето наместо да си го наполнат бурето, купуваат кисела зелка од пазар или спакувана во кеса од некој маркет. Сепак, да се потсетиме на придобивките и на мааните од консумирањето кисела зелка. Имаме и рецепт доколку некој сепак посака сам да си ја скисели
Киселата зелка е храна без која ретко кој може да ја замисли зимата. Иако е ризница на многу корисни материи, сепак има и некои недостатоци.
И не мислиме тука на оние недостатоци кога треба да се измие бурето на крајот од зимата.
И онака луѓето сè поретко сами ставаат зелка. Ја купуваат на пазар или дури и од маркет спакувана во кеса.
Како и да е, пред нас е зимата, а пазарите се преполни со сѐ, па и со свежа зелка. Дали ќе ја скиселите сами или ќе си купувате од некаде, изборот е ваш. А ние да ве потсетиме на придобивките, но и на мааните од консумирањето кисела зелка.
Остатокот од текстот и рецептот за киселење зелка ќе ги најдете на „Арт кујна“.