СТАРО СКОПЈЕ ГО ПРОЕКТИРАЛЕ РУСКИ АРХИТЕКТИ Нивните цртежи конечно изложени во Москва (ФОТО)
Незнајните мајстори дизајнери на старо Скопје се Иван Артемушкин, Борис Дутов, Константин Хоменко, Ефраим Бронштајн, Евгениј Дацков, Михаил Дворников, Вјачеслав Бујко, Николај Бурхановски, Николај Никушкин, Ваган Карагајан, Михаил Матвеев, Василиј фон Риком, Василиј фон Баумгартен, Григориј Самоилов, Николај Краснов и други локални архитекти.
Старо Скопје, онакво какво што го знаме од пред земјотресот во голема мера било замислено од страна на руски архитекти во тогашното кралство Југославија. Скоро еден век подоцна нивните живописни дела, на 20 паноа се презентирани во Домот на руската емиграција Александар Солженицин во Москва под името „Руските архитекти во Скопје 1920-1940“, а во соработка со Музејот на Град Скопје. Меѓу сликите е познатиот Офицерски дом и други помалку познати фасади, пишува Срби.орг.
Незнајните мајстори дизајнери на старо Скопје се Иван Артемушкин, Борис Дутов, Константин Хоменко, Ефраим Бронштајн, Евгениј Дацков, Михаил Дворников, Вјачеслав Бујко, Николај Бурхановски, Николај Никушкин, Ваган Карагајан, Михаил Матвеев, Василиј фон Риком, Василиј фон Баумгартен, Григориј Самоилов, Николај Краснов и други локални архитекти.
Скопје доживува огромен развој меѓу двете светски војни. Тогашната општинска управа се грижела за сите области од секојдневниот живот на градот, но и за создавање поволни услови за развој на урбано развивање на градот. Така инж. Јосиф Михајловиќ, еден од најпознатите градоначалници на Скопје, вложил најголема енергија во изградба на капиталните објекти, како што се: хидроцентралата Матка, водоводот Рашче, Старата железничка станица во центарот на Скопје, Зеленото пазарче до зградата на Собранието, Офицерскиот дом (разурнат во земјотресот), старата зграда на Народна банка на Македонија (исто така разурната во земјотресот од 1963 г.), насипот во Градскиот парк на реката Вардар, регулацијата на реката Серава и др.
Како што беше објавено, изложениот материјал е резултат на долгорочен истражувачки проект на авторот на изложбата, во кој делата на руските архитекти и инженери за првпат се претставени во едно интегрално дело. Проектот содржи околу 200 документи собрани од повеќе од 1.200 архитектонски проекти. Презентирани се обработените биографии и проектираните дела на архитекти и инженери кои работеле во тој предвоен период во Скопје.
Дом / паднатите на браќата Четкушевиќ, 1931 година Архитект Борис Дутов, денешно Дебар Маало
– Тие се еден вид мисионери на културата, и претставуваат мост меѓу руската култура и културата на луѓето со кои се населиле. Тие мостови сега се обидуваме да ги одржиме со претставување на оваа изложба – рече Јасминка Намичева, еден од авторите на изложбата.
Во тимот автори се и кустосот советник на Музејот на град Скопје и Екатерина Намичева Тодоровска, асистентка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Кустоси на изложбата се Татјана Јуревна Иринархова и Дарја Александровна Жмилева од Домот на руската емиграција во Москва.
Цртеж на главната фасада на Институтот за тропски болести во Скопје, 1922-1925 година. Архитект В.М. Андросов
По затворањето на изложбата во галеријата на Московската куќа, изложбата на дела од руски архитекти ќе биде достапна како виртуелна изложба на веб-страницата на музејот.
Фасада на Офицерскиот дом во Скопје од крајот на 1920 година. Архитект В.Ф. Баумгартен
На отворањето на изложбата, Игор Владимирович Домнин, заменик-директор на Домот на руската емиграција, ја истакна важноста на изложениот документарен материјал, изразувајќи задоволство од почетокот на соработката меѓу двете земји. Според Намичева, пак, скопските архитекти со руско потекло се од подеднакво значење за двата народа како дел од нивното културно наследство, како дел од архитектонската култура на Скопје, но културни траги на руската дијаспора во градот.