СТАРИТЕ ДОБРИ ЕКЛЕРИ Ги снемува брзо, како блесок од молња
Крцкави однадвор, сочни и кремасти одвнатре, со различни вкусови, еклерите се уште еден заштитен знак на француското слаткарство! Имаме и одличен рецепт
Eклерите потекнуваат од Франција,од 19 век, а самиот збор „éclair“ на француски значи „блесок на молња“, што ја опишува брзината со која исчезнувале, односно, се трошеле овие слатки колачи.
Се верува дека еклерите ги измислил познатиот француски слаткар Мари-Антоан Карем, кој бил кулинарски пионер во 19 век. Тој бил особено познат по неговите детални и иновативни производи од тесто. Се смета дека тој го создал еклерот како варијација на неговиот претходен рецепт за „pain a la duchesse“, вид лиснато тесто исполнето со крем.
Повеќе за ова, како и рецептот, побарајте ги на порталот „Арт кујна“.