📽️ СТАНА СЛАВEН НА ЈУТЈУБ ОТКАКО ПОЧИНА Трагичната приказна на палестинското момче Авни Илдиз го обиколи интернетот

Еден познат гејмер од Кувајт, Або Флах, открил дека Авни му испратил порака на социјалните мрежи опишувајќи колку е прекрасна зимата во Газа, а во друга порака Авни му напишал дека сака да се угледа на него. Гејмерот плачејќи ги сподели пораките на интернет, а видеото беше прегледано повеќе од 9 милиони пати.

636

Авни Илдиз, едно од првите палестински деца кои беа убиени во војната имал една неостварена желба  – да биде познат на Јутјуб, а неговата желба се исполнила по неговата смрт, пишува Би-Би-Си. Една година пред војната тој се снимал на улица за своите тогаш 1.000 претплатници:

– Па сега луѓе, дозволете ми да се претставам: јас сум Палестинец од Газа, на возраст од 12 години. Целта на овој канал е да достигне 100.000 претплатници, или 500.000 или еден милион – вели тој на снимката.






Година подоцна, на 7 октомври, денот кога започна војната, куќата на Авни била погодена од израелски оган како одговор на нападот на Хамас. Сега неговото видео има четири милиони прегледи. Неговите видеа кајшто игра видеоигри имаат гледаност и од некој милион повеќе. Популарноста му расте.

За неговата тетка, Ала, тој бил „многу среќен и самоуверен“, момче кое секогаш ја држело вратата отворена за неа. Друг член на семејството го нарече „инженерот Авни“ поради неговата љубов кон компјутерите. За други, Авни стана еден вид симбол, претставувајќи ја загубата на деца во Појасот Газа.

„Те молиме прости ни“, гласи еден коментар на неговото видео. „Посакувам да те знаевме пред да умреш“.

 

Набргу по неговата смрт, еден од неговите учители сподели фотографија со Авни, опишувајќи ја „вечната насмевка“ на момчето.

Надвор од училиште, неговата тека Ала вели дека Авни сакал да поминува време со своето семејство. Во една „прекрасна ноќ“, Ала вели дека гледала филм со Авни и неговите браќа и сестри, споделувајќи чипс и чоколади. Последен пат го видела на семеен појадок три недели пред неговата смрт, каде што го погледнала својот внук и му рекла: „Авни станува маж“.

Еден познат гејмер од Кувајт, Або Флах, открил дека Авни му испратил порака на социјалните мрежи опишувајќи колку е прекрасна зимата во Газа, а во друга порака Авни му напишал дека сака да се угледа на него. Гејмерот плачејќи ги сподели пораките на интернет, а видеото беше прегледано повеќе од 9 милиони пати.

– Срамота е ова дете да умре… Ова дете е едно од многуте други кои се уште помлади од него. Ако сака Бог, тие ќе бидат рајски птици – вели гејмерот во видеото посветено на Авни.

Министерството за здравство на Хамас во Газа вели дека повеќе од 20.000 луѓе се убиени таму од почетокот на војната – повеќе од една третина од нив деца.

 

Поврзани содржини