СТАКЛЕНИ, ПЛАСТИЧНИ ИЛИ ШИШИЊА ОД НЕ’РЃОСУВАЧКИ ЧЕЛИК? Kако да разликуваме добра од штетна пластика?
Поради сè поразновидниот асортиман на шишиња за бебиња и различните штетни соединенија што се наоѓаат во секој материјал, родителите се прашуваат кое шише да го купат: пластика, стакло или нерѓосувачки челик?
Дали на своето бебе ќе му давате да пие од стаклено или од пластично шише зависи првенствено од вас, од возраста на бебето, но и од вашето познавање на карактеристиките на материјалот што ги користите.
Стаклените шишиња се побезбедни, додека пластичните шишиња се попрактични
Стаклото е дефинитивно најдобар избор додека е бебето многу мало па секако шишенцето со кое го храните бебето, го држите вие.
Стаклото е природен материјал кој токму затоа е и најдобар избор за бебе. Лесно се чисти и стерилизира и е безбеден избор за хранење бебиња. Токму затоа стаклените шишиња главно се користат за хранење новороденчиња, кога се гради имунолошкиот систем.
Иако постојат многу видови стакло од кои се направени, овие шишиња сепак се секогаш потешки од пластиката.
Прочитајте повеќе на „Мајка и дете“.