СРЕДНОШКОЛЦИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ ОД ХРВАТСКА, ЛИТВАНИЈА И МАКЕДОНИЈА Заеднички настан на ученици од партнерските училишта во „Корчагин“
Во петок (6 мај) во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ ќе се одржи завршниот настан од проектот за развој на образование за социјалното претприемништво кој го координира здружението за социјални иновации АРНО во партнерство со училишта од трите земји
„Во името на проектот „SEED – Проект за развој на образование за социјалното претприемништво“ со задоволство Ве каниме да го посетите и проследите завршниот настан од проектот кој ќе се одржи на 6-ти мај 2022 во СУГС „Раде Јовчевски- Корчагин“- Скопје, со почеток од 10 часот.
Идејата на настанот е да ги повика сите поддржувачи на социјалното претприемништво преку симболичен гест (садење на еко-картички од кои расте цвеќе пркос) да се обратат на присутните и да ги посадат заедно семињата на социјалното претприемништво. Покрај садењето на картичките, предвидени се мини креативни работилници и забава и едукација преку магионичарски еко-настап“, велат организаторите на настанот, здружението за социјални иновации АРНО.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.