СРБИТЕ ГО ПРЕВЕДОА ЗБОРОТ ДЕПРЕСИЈА Можеме ли и ние?

313

„Духоклонуќе“ е зборот кој победи на натпреварот за најубав нов српски збор во организација на сајтот „Мала библиотека“ од Лондон, Британија.

Зборот „духоклонуќе“ е замена за странцизмот депресија, а за него се определило десетчлено жири.






Победничкиот збор го смислила и го пратила на натпреварот Драгана Албијаниќ од Суботица.

На второ место е зборот „прохујак“, кој го предложил Миша Антонијевиќ од Јагодина, а третиот најубав нов српски збор е „прикачица“ кој го пратил Милош Миќовиќ од Белград. Така гласало жирито, додека на јавното гласање на второ место бил зборот „безтебност“, а на трето „безнемож“.

Меѓу првите десет збора за кои се определило жирито се и: „смуќак“, „сусрамље“, „отказнити“, „ласноломна“, „узрење“, „премислити“ и „опазица“.

Што мислите кој би бил најбавиот нов збор за депресија на македонски?

Поврзани содржини