СРБИН ГО СТАВИЛ ПУТИН НА ТАБЛИЧКИТЕ Полицијата му го заплени возилото (ВИДЕО)
Како што пишуваат српските медиуми, човекот сам се пофалил на социјалната мрежа Тик-ток кога објавил видео со „Путин“ на регистарските таблички, а тоа видео за кратко време станало вирално и привлекло големо внимание.
Српската полиција запленила возило марка „БМВ М5“ поради тоа што сопственикот на возилото сторил кривично дело фалсификување исправа, односно регистарските таблички на автомобилот ги покрил со името на рускиот претседател Владимир Путин.
Како што пишуваат српските медиуми, човекот сам се пофалил на социјалната мрежа Тик-ток кога објавил видео со „Путин“ на регистарските таблички, а тоа видео за кратко време станало вирално и привлекло големо внимание.
Полицијата го проверила возилото и утврдила дека зад вистинските регистарски таблички на возилото има лажни таблички со ознаки „ТТ ПУТИН“.
Возилото е веднаш одземено и ќе се чува до 90 дена.