СПРЕМНИ СМЕ ДА ВИ ПОКАЖЕМЕ Путин им се обрати на Украинците во својот говор

Но, ајде да одиме со ова до крај. Спремни сме да ви покажеме како изгледа вистинската декомунизација“, рече рускиот лидер.

2,740

„Значи, сакате декомунизација? Тоа ни одговара. Но, ајде да одиме со ова до крај. Спремни сме да ви покажеме како изгледа вистинската декомунизација“.

Вака зборуваше Владимир Путин во името на руската нација, а ѝ се обраќаше на Украина. Тој го започна својот говор со историски факти, велејќи дека модерна Украина е целосно создадена од комунистичка Русија, за сметка на отцепување на дел од историските територии на Русија без прашање за руските граѓани, пишува Н1. Веројатно, затоа тој го употреби зборот „декомунизација“.






Според Путин, Владимир Илич Ленин е „авторот и творецот на Украина“, бидејќи таа е создадена како резултат на политиката на болшевизмот, па се закани:

– Мораме да разбереме што се случува денес и да ги објасниме целите што се пред нас, па затоа е важно да се објасни што има во позадина на приказната. Украина е руска креација од самиот почеток. На почетокот на Втората светска војна, Сталин анектираше некои делови и ѝ даде на Украина историски германска територија како компензација. Крим поради некоја причина ѝ беше даден на Украина и така тоа остана. Украина никогаш немаше вистинска државност, таа само го копираше моделот – рече рускиот претседател кажа.

Тој исто така рече дека Украина не е само „соседна земја“ за Русија, туку и дел од нејзината историја во која живеат нејзините пријатели и блиски луѓе.

– Ситуацијата во Донбас повторно стана критична и директно ви се обраќам, не само за да ја проценам ситуацијата, туку и да ја информирам јавноста за одлуките што ги донесовме и за можните понатамошни чекори – рече тој.

Зборувајќи за долгот што го имаше Советскиот Сојуз, Путин рече дека Русија сама го отплатила целиот долг, вклучително и украинскиот, иако е договорено сите републики да придонесат за отплата на долгот сразмерно на нивниот економски потенцијал.

На крајот од својот говор, кој траеше речиси еден час, рускиот претседател Владимир Путин им нареди на извршните власти што поскоро да ја ратификуваат одлуката за признавање на самопрогласените Луганска и Доњецка народна република. Тој ги потпиша соодветните документи со лидерите на ЛНР и ДНР.

Ситуацијата на контактната линија во Донбас ескалираше утрото на 17 февруари. Самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск најавија најинтензивно гранатирање од Украина во последните месеци.

Во петокот, на 18 февруари, водачите на ЛНР и ДНР, Леонид Пашечник и Денис Пушилин, најавија евакуација на жителите на републиките во Русија поради зголемената закана од борбени операции. Во саботата во републиките почна општа мобилизација.

Поврзани содржини