СПИРЕ, ДОБРОВОЛЕН СПАСУВАЧ НА ДЕТСКИ ТОПКИ Тафталиџанска легенда од помладата генерација
Колку пати децата се вратиле дома и ви кажале дека топката им летнала на покривот, па немаат со што да играат кошарка, фудбал, одбојка? Епа децата во скопската населба „Тафталиџе 1“ си имаат батка за симнување топки – тафталиџанецот Александар Спировски, познат како Спире.
Сигурно барем еднаш децата се вратиле дома и ви кажале дека топката им летнала на покривот, па немаат со што да играат кошарка, фудбал, одбојка. Сигурно и вам кога сте биле дете ви се случило истото.
Кога јас бев дете на нашата улица во скопската населба „Тафталиџе 1“, живееше еден постар брачен пар без деца, па за нас беше вистински кошмар кога топката со која игравме сервис, народна или одбојка ќе ни паднеше во нивниот двор. Кога ќе се случеше тоа, многу ги молевме да ни ги вратат топките и најчесто ни ги враќаа, ама претходно ќе ги дупнеа со нож.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.