СОВЕТСКИОТ ЏИН…УНИШТЕН Кој беше Антонов АН-225 и зошто е значаен за Украинците? (ФОТО)

„Мрија“ беше сон и на многу авиоентузијасти низ светот. Ќе ѝ требаат 3 милијарди долари на Украина, ако сака одново да го изгради, како што очигледно има намера.

1,232

Советскиот „Антонов АН-225“, или „Мрија“, како што Украинците го викаат, замина во историјата во руски напад на аеродром во близината на Киев, најверојатно во подметнат пожар во хангарот каде бил чуван. „Мрија“ во предвод значи „сон“ или „инспирација“, а беше симбол на украинската слобода со неговиот неверојатен распон од 88,4 метри, тежина од 640 тони, брзина од 850 км/час со шест турбофан мотори и можност за летање и до 9 километри од земјата, пишува ИФЛ Наука. Тој разнесуваше огромни пратки низ целиот свет.

„Мрија“ носи спејс-шатл на грбот, фото: твитер/принтскрин





„Мрија“ се користеше за тежок транспорт, дури и за хуманитарна помош во ковид-кризата во 2020 година. Бил изграден во 1980-тите за да носи бустери и орбитери на советската вселенска програма, заедно со транспортот на ултра-тежок товар до 250.000 килограми, а набрзо стана и прв во товарниот транспорт. Бил дизајниран од украинската фирма „Антонов“, именувана по главниот дизајнер Олег Антонов.

Во февруари 2022 година, АН-225 беше паркиран на аеродромот Антонов во Хостомел, Украина, каде, наводно, му биле правени поправки.  Еден од моторите бил демонтиран, со што не можел да полета.

фото: твитер/принтскрин

„Мрија“ беше сон и на многу авиоентузијасти низ светот. Ќе ѝ требаат 3 милијарди долари на Украина, ако сака одново да го изгради, како што очигледно има намера.

„Окупаторите го уништија авионот, но нема да можат да го уништат нашиот заеднички сон. „Мрија“ дефинитивно ќе се прероди. Се проценува дека реставрацијата ќе трае над 3 милијарди американски долари и повеќе од 5 години. Наша задача е да обезбедиме овие трошоци да бидат покриени од Руската Федерација, која предизвика намерна штета на воздухопловството на Украина и на воздушниот карго сектор“, се вели во соопштението на Укроборонпром.

 

Поврзани содржини