СОВЕТИ КАКО ФРИЖИДЕРОТ ДА ТРОШИ МИНИМАЛНО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА Едноставни се, а во две работи речиси сите грешиме
Фрижидерите и замрзнувачите се единствените апарати кои се постојано вклучени, но тоа не значи дека не можеме да заштедиме електрична енергија ако ги користиме на ефикасен начин.
Фрижидерите и замрзнувачите се единствените апарати кои се постојано вклучени, но тоа не значи дека не можеме да заштедиме електрична енергија ако ги користиме на ефикасен начин.
Никогаш не ставајте топла храна во фрижидер
Пред да ставите храна во фрижидер или замрзнувач, почекајте храната да се излади, за да не ја подигне температурата во самиот апарат.
Од друга страна, кога сакате да подготвите замрзната храна, почекајте прво да се одмрзне, за да не трошите непотребно електрична енергија на тоа.
Исто така, не преполнувајте го фрижидерот, бидејќи тоа ќе ја спречи рамномерна распределба на температурата, што може да предизвика расипување на храната.
Температура на фрижидерот
Фрижидерот треба да биде на температура од 5 степени или пониска, за да може храната подолго да остане свежа. Сепак, не треба ниту да претерувате, за да не се троши премногу електрична енергија.
Се препорача фрижидерот да се вклучува на 4 степени, а замрзнувачот на -18 степени.
Редовно одмрзнувајте го замрзнувачот
Кога со текот на времето во фрижидерот или замрзнувачот ќе се наталожи мраз, тој добива непријатен мирис, но влијае и на функционалноста на апаратот, што предизвикува да се троши повеќе електрична енергија.
Првиот чекор во одмрзнувањето е, се разбира, да го исклучите фрижидерот од струја. Ставете крпа под вратата на фрижидерот за да ја впие водата. Извадете сè што имате во фрижидерот, вклучувајќи ги и полиците (направете го тоа внимателно бидејќи замрзнатите полици се склони кон пукање). Најдобро би било, доколку сте во можност, да го оставите фрижидерот отворен осум часа за да постигнете оптимални резултати. За да го забрзате процесот, можете внатре да ставите сад со врела вода.
Можете да го искористите фенот за побрзо да ги растопите поголемите парчиња мраз, а можете да ги откинете со пластична шпатула. Кога сè ќе се растопи, попрскајте ја внатрешноста на фрижидерот со мешавина од детергент и вода и избришете ја со крпа.
Зад фрижидерот треба да има слободен простор
Погрижете се да има најмалку десет сантиметри простор зад вашиот фрижидер за да може правилно да се „проветрува“.
Без соодветна вентилација, фрижидерот може да се прегрее и да почне да работи лошо – послабо лади, испушта необични или погласни звуци и да доведе до повисоки сметки за електрична енергија.
Немојте да ја оставате вратата од фрижидерот отворена
Секогаш кога ќе ја отворите вратата, потопол воздух влегува во фрижидерот, поради што му треба повеќе енергија за да се излади. Поради тоа е важно да не ја држите вратата отворена подолго отколку што ви е потребно.
Купете енергетски ефикасен апарат
Кога купувате фрижидер и замрзнувач, внимавајте на енергетските ознаки, бидејќи колку е повисока енергетската класа, толку вашиот апарат ќе биде енергетски поефикасен.
Иако поевтините фрижидери се од пониска енергетска класа, поскапиот фрижидер долгорочно ќе ви се исплати.
Исто така, купете апарат кој во однос на големината одговара на вашите потреби – поголем фрижидер троши повеќе.