СОНДА НА НАСА САМО ШТО НЕ ГО ДОПРЕ СОНЦЕТО Видео од искрите ќе ни открие вистина за нашата ѕвезда (ВИДЕО)
„Паркер“се пробиваше низ горната атмосфера на Сонцето со околу 142 километри во секунда, земајќи примероци од честички и магнетни полиња, во одреден момент спуштајќи се на 10,4 милиони километри од површината на Сонцето. Беа потребни многу слики кои научниците ги споија во ова неверојатно видео. Во него се гледа Млечниот Пат како ѕирка позади искрите.
Соларната сонда „Паркер“ на НАСА направи историска мисија доближувајќи се на 8,5 милиони километри до Сонцето, најблиску од кој било друг објект, во обид да разреши некои од тајните на нашата единствена ѕвезда, пишува ИФЛ Наука. Видео од сондата која го урна сопствениот рекорд за најбрз објект направен од човечка рака, осамна на социјалните мрежи.
„Паркер“се пробиваше низ горната атмосфера на Сонцето со околу 142 километри во секунда, земајќи примероци од честички и магнетни полиња, во одреден момент спуштајќи се на 10,4 милиони километри од површината на Сонцето. Беа потребни многу слики кои научниците ги споија во ова неверојатно видео. Во него се гледа Млечниот Пат како ѕирка позади искрите.
Но, колку блиску може „Паркер“ да се приближи за да не биде спржен, а сепак да биде на границата на Сонцето? Сонцето не е баш цврст објект и нема точна граница од каде тоа започнува. Затоа има нешто кое се вика сончева круна, регион во кој неговата радијацијата е ограничена од гравитацијата и магнетните полиња. Критичната точка која го означува крајот на сончевата атмосфера, односно круна се вика Алфвен.
Досега, научниците не беа точно сигурни каде се наоѓа Алфвен. Се проценува дека тоа е од 6,9 до 13,8 милиони километри од фактичката површинаж на Сонцето. На 28 април годинава, на 13 милиони километри над површината на Сонцето, „Паркер“ наиде на магнетни услови и услови на честички кои им кажале на научниците на НАСА дека сондата за прв пат ја преминала критичната точка Алфвен и конечно влегла во сончевата атмосфера.