СОНЧЕВАТА БУРА „КАНИБАЛ“ ДОАЃА НА ЗЕМЈАТА Ни се заканува прекин на комуникациите и струјата
Американската вселенска агенција (НАСА) се приклучи кон ваквите проценки што наведуваат дека сончевата бура наречена „Канибал“ е многу моќна и може да предизвика прекин на радио комуникациите како и необични појави на поларната светлина на земјата, јави телевизијата „Н1“ (N1.)
Американската национална управа за океани и атмосфера (NOAA) објави дека во текот на денот планетата Земја би можела да биде погодена од геомагнетна бура со голема јачина, што е резултат на ерупција на огромно количество соларен материјал на површината на Сонцето, пренесе американската телевизија Си-Ен-Би-Си (CNBC).
Американската вселенска агенција (НАСА) се приклучи кон ваквите проценки што наведуваат дека сончевата бура наречена „Канибал“ е многу моќна и може да предизвика прекин на радио комуникациите како и необични појави на поларната светлина на земјата, јави телевизијата „Н1“ (N1.)
Експертите на НАСА тврдат дека овој феномен на зрачење енергија поради експлозија на Сонцето ќе трае околу 15 часа.
Плусинфо веќе пишуваше за црните дамки на Сонцето кои пуштаат соларен ветер за кој неодамна предупреди Spaceweather.com. Некои од овие дамки се цели немирни острови од плазма кои по површина се пошироки од 15 пречници на Земјата.