СОК ОД РОЗИ И КАФЕ СВАРЕНО ВО ПЕСОК Мали задоволства за сите кои уживаат во работите што мирисаат на минатото

Ароматичниот сок од рози и кафето сварено во песок, сервирано со посебно внимание и секако, со локумче и мала чаша кисела вода, се мали, вкусни и евтини задоволства за секој што знае да ужива во малите нешта

129

Кога шетајќи низ родниот град со гости од странство, откривате нови убавини и стари и заборавени задоволства. Да, знаеме веќе за кафето што се вари во врел песок, но сега шетајќи низ скопската чаршија најдовме уште нешто – ладен и вкусен сок од рози чија арома моментално не пренесе во детството.

И најдобро од се, тоа се едни од оние мали и слатки задоволства кои сите може да си ги дозволиме. Освен прекрасниот вкус и носталгичниот мирис, сирупот од роза е одличен за здравјето на срцето и нервите. Ја прочистува крвта, ја смирува напнатоста, а освен тоа е одличен за болки во грлото, реума, жолтица, чистење на црниот дроб, во случаи на вртоглавица, главоболки и нарушена цревна флора.






Прочитајте повеќе ТУКА.

Поврзани содржини