СО ШТО РАСПОЛАГА АРМ? Јутјуб-видео ги проценува тенковите, оклопните возила, артилеријата…
Македонија е земја која е исклучиво континентална, нема излез на море, со површина од 25.713 километри квадратни со 838 километри граница кон соседите, а сме биле рангирани на 127 место по јачина на армијата во 2020, односно 133 место во 2021 година од 193 земји во светот.
На јујтуб има неколку видеа кои неформално го проценуваат целиот воен арсенал на македонската армија. Треба да се земе и превид дека видеата се од 2021 и 2020 година, а информациите ги црпат од разни воени сајтови. Македонија е земја која е исклучиво континентална, нема излез на море, со површина од 25.713 километри квадратни со 838 километри граница кон соседите, а сме биле рангирани на 127 место по јачина на армијата во 2020, односно 133 место во 2021 година од 193 земји во светот.
Според едно од видеата, ако принудно се мобилизираат сите мажи во земјата, во 2020 година сме имале 1.053.116 расположиви мажи, од кои 877.245 од биле фит за служба, а 30.704 од нив ќе бидат полнолетни за да служат војска. Буџетот за војска ни е проценет на 108.152.512 долари.
Еве што поседуваме:
20.500 целосен персонал (според видеото од 2020 година, 13.000)
8.000 активна војска
5.000 резервисти
7.500 пара-војска
31 тенк
250 оклопни возила (251 според другото видео)
20 парчиња артилерија
полска артилерија 140 (144)
24 ракетни фрлачи (24)
10 авиони за тренирање (не се борбени)
немаме транспортни или други типови воени авиони
10 хеликоптери
4 борбени хеликоптери