СО МАСИРАЊЕ НА ОДРЕДЕНИ ТОЧКИ, СО ЛУК ИЛИ СО ЛУТА ПИПЕРКА? Како брзо да го намалите високиот крвен притисок?
Лутата пиперка измешана со топла вода и мед е најбрзиот начин за намалување на хипертензијата, бидејќи за миг ги проширува крвните садови, а со тоа го намалува притисокот и поттикнува подобар проток на крв.
Високиот крвен притисок е болест која мачи сè повеќе луѓе. Некогаш бил резервиран за постарите, а денес зафаќа сè помлада и помлада популација. Крвниот притисок многу зависи од начинот на живот, кој вклучува физичка активност, исхрана, нивото на стрес на кој сме изложени. И токму заради сето тоа, хипертензијата стана болест на модерното време.
Многу влијаат и брзото темпо на живот, многу обврски и многу грижи. Кога на тоа ќе се додаде лошата исхрана, полна со масти, сол и шеќер, прекумерното консумирање алкохол, пушењето и недостатокот на физичка активност, ситуацијата станува уште полоша.
Но, високиот крвен притисок не мора секогаш да биде последица од начинот на живот, може да биде и генетски условен, но во секој случај лошо влијае на организмот.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.