СО МАЛИ РИТУАЛИ ДО ХОРМОНОТ НА СРЕЌАТА Серотонинот има големо влијание врз здравјето

Серотонинот, познат како „хормон на среќата“, игра клучна улога во регулирањето на нашето расположение, сонот и апетитот.

124

Постојано сме во брзање, имаме илјадници обврски, а денот најчесто наутро ни започнува со аларм, а ни завршува со екрани, телефони, па сè потешко е да ја почувствуваме радоста што доаѓа однатре.

Но, постои нешто што телото никогаш не го заборава: хормонот на среќата наречен серотонин. Тој е нашиот внатрешен компас за добросостојба, рамнотежа и мир. Иако не можеме да го видиме, можеме да го поттикнеме. И тоа секој ден, преку мали ритуали што нè поврзуваат со себе.






Серотонинот, познат како „хормон на среќата“, игра клучна улога во регулирањето на
нашето расположение, сонот и апетитот.

Неговото оптимално ниво е поврзано со чувство на благосостојба и задоволство. За да го поддржиме природното производство на серотонин, важно е да се фокусираме на здрав начин на живот, кој вклучува балансирана исхрана богата со триптофан, редовна физичка активност и доволно сон.
Во таа насока, dm дрогериите нудат широк спектар на производи што може да помогнат во одржувањето на здравите навики.

Нивниот асортиман вклучува органски прехранбени производи, додатоци во исхраната што се внимателно избрани за да ги поддржат целокупното здравје и благосостојбата.

Во dm дрогериите може да се откријат производи што им помагаат на луѓето да се чувствуваат подобро секој ден.
Шетајте барем 20 минути дневно на природна светлина.

Јадете храна што е богата со природни состојки и непреработена.

Пијте вода.

Вежбајте дури и кога не ви се вежба.
Насмевнете се.

Направете нешто само за себе.

Секој од овие гестови му кажува на телото дека е безбедно, дека е сакано. А, кога телото се чувствува така, тогаш започнува да служи во вистинска смисла на зборот.

Истражувањата покажуваат дека и храната, и движењето, и сончевата светлина директно
влијаат врз продукцијата на серотонин. Но, она што најмногу помага е чувството дека имаме избор да направиме нешто добро за себе.

Токму затоа, компаниите што промовираат свесен начин на живеење не нè учат само како да изгледаме добро, туку и како да се чувствуваме добро. На нивните полици не пронаоѓаме само производи, туку и инспирации за утрински чај, здрава ужина, масло за нега, мирис што нè смирува, момент што ни припаѓа само нам.

За да се почувствува вистинска среќа, потребно е да се создадат услови.

Поврзани содржини