СНИМКИ ОД УЖАСОТ Експлозии над Киев, човек застана пред конвојот, Русите погодија градинка (ВИДЕО)

Храбар украински државјанин е снимен како им се спротивставува на трупите на Путин обидувајќи се да го блокира рускиот воен конвој – во сцени кои потсетуваат на „тенковскиот човек“ на плоштадот Тјенанмен кој ги блокираше кинеските сили во 1989 година.

1,961

Ужасот во Киев расте. Би-Би-Си излезе со свое видео и репортажа од пукотниците над небото на главниот украински град кој веќе е под тешка опасада. Речиси 50.000 луѓе избегаа од Украина во последните два дена. Еден храбар Украинец застана пред конвојот на руски возила, но тие го обиколија – слично како што пред 35 години еден млад храбар Кинез протестирарјќи застана пред тенк, но беше прегазен од кинеските власти на плоштадот Тјенанмен.






Украинец застана пред конвојот, исто како Кинезот на Тјенанмен

Храбар украински државјанин е снимен како им се спротивставува на трупите на Путин обидувајќи се да го блокира рускиот воен конвој – во сцени кои потсетуваат на „тенковскиот човек“ на плоштадот Тјенанмен кој ги блокираше кинеските сили во 1989 година.

Снимката, за која се смета дека е снимена на југот на земјата блиску до Крим, се појави кога руската војска денеска го разголи Киев во очигледен обид да го заземе главниот град и да ја „обезглави“ владата со надеж дека ќе донесе брза победа за Путин.

Истрели во воздух, стампедо, паника

Украински војници испукаа неколку истрели во воздух за да го спречат стампедото на главната железничка станица во Киев додека илјадници луѓе денеска се обидуваа насилно да влезат во возовите за евакуација.

Турканицата беше таква што не секој можеше да се качи во возовите од Киев за Лавов на западот на земјата, додека расте стравот од руски напади.

 

Русите погодиле градинка, има жртви

„Киев индепендет“ објави дека руски проектили погодиле засолниште и градинка во североисточниот украински град Охтирка. Тие наведуваат дека има загинати и повредени, а меѓу нив има и деца.

Шефот на украинската дипломатија на својот твитер-профил напиша дека руските напади врз засолништето и градинката се воени злосторства и кршење на Римскиот статут.

„Заедно со државниот обвинител собираме докази и сè ќе му предадеме на Хаг“, напиша Кулеба.

Поврзани содржини