СНИМКАТА КОЈА МУ ГО ОТВОРИ ПАТОТ НА ПУТИН Две проститутки и хотелска соба биле доволни Скуратов да ја заврши кариерата (ВИДЕО)
Кога видеото се појавило, тој негирал дека се работи за него на снимката, но неговата кариера била завршена, а истрагата затворена.
Снимка од јавниот обвинител на Русија во која тој седи во хотелска соба со две жени, наводно проститутки, му овозможила на младиот Владимир Путин во 1999 година да го тргне вниманието од себеси и да го урне својот политички ривал за да дојде до позицијата претседател на Русија. Путин следната 2000 година се кандидираше на изборите и стана наследник на Борис Елцин, пишува Дејли Мејл.
Јуриј Скуратов не ги истражувал само матните зделки на Путин, кој во тоа време бил советник на Елцин, туку и на дел од руските олигарси, вклучувајќи ги Алекс Мамут и Павел Бородин. Кога видеото се појавило, тој негирал дека се работи за него на снимката, но неговата кариера била завршена, а истрагата затворена.
Дел од видеото може да се погледне подолу, во репортажата на Асошиејтед Прес, почнувајќи кон 1:15 минута.
How a grainy video of a Soviet anti-corruption chief in bed with two prostitutes set Vladimir Putin on the path to the Kremlin https://t.co/A14ZsHPcS4
— Daily Mail Online (@MailOnline) July 10, 2022
Набргу потоа следеше наградата за Путин. Елцин го назначи Путин за вршител на должноста премиер. Неговата кандидатура за претседателската функција во 2000 година помина беспрекорно. Беше многу популарен меѓу електоратот и веќе немаше пречка за него.
Скуратов беше отпуштен во 2000 година, откако отслужи суспензија поради обвинение за корупција. Истата година се кандидираше за претседател. Неговата кампања во голема мера се засноваше на поправка на штетата нанесена на неговиот углед. Се обиде да се претстави како пристоен, семеен човек и верен сопруг, кој беше жртва на лаги и измислици.
Патот на Путин до политиката не бил лесен. По дипломирањето, Путин бил регрутиран во КГБ, а од 1985 до 1990 година бил стациониран во Дрезден, Источна Германија. По падот на Берлинскиот ѕид, тој бил вратен на Советскиот Сојуз.

На почетокот на 1990 година Путин работел како асистент на матичниот универзитет во тогашен Ленинград, сегашен Санкт Петербург каде што дипломирал, а каде проректор бил Јуриј Молчанов, а ректор Станислава Меркурнева.
Меркурнева подоцна му предложила на Анатолиј Собчак, кој станал градоначалник на Санкт Петербург, да го ангажира Путин како правен помошник. Во мај 1990 година, Собчак го ангажирал Путин како советник на претседателот на Градскиот совет на Ленинград.
Еве каде Путин зачекорил во политиката.
Кога Собчак го напушти кабинетот во 1996 година, му го препорачал Путин на рускиот лидер Борис Елцин, кој му даде работа во одделот за имот во Кремљ. Тајмингот беше случаен, но тогаш нова класа олигарси почна да се збогатува на сметка на рускиот народ.
Кога популарноста на Елцин опадна, олигарсите бараа некој посигурен човек за претседател. Тогаш Путин се најде во фокусот. Во 1998 година Путин беше назначен за шеф на ФСБ, руската разузнавачка служба.
Во исто време почнале и истрагите на Скуратов против Путин и олигарсите, па било неминовно Путин, на овој или оној, да се пресмета со него.